Макпетрол се спасува на сметка на Топлификација?
Објавено во: Економија 13 Декември, 2012 10:17
Топлификација утре повторно ќе испрати информација преку Македонска берза со која ќе ги извести акционерите за сите случувања околу компанијата. Фирмата која изминатиов период е на работ на ликвидноста, во последно време се гуши во кредити, а доведено е во прашање нормалното функционирање.
Утре според најавите компанијата ќе подмири долг од околу 300 илајди евра, односно она што е потрошено и искористено како енергенс заклучно со 30-ти ноември.
За заканата на Макпетрол известена Регулаторната комисија за енергетика
За новонастаната состојба Топлификација ја информирала и регулаторната комисија за енергетика. Регулаторите мора да обезбедат мерки и соодветна реакција доколку Макпетрол ја запре испораката на мазут и природен гас, доведувајќи ги во опасност домаќинствата среде зима да останат без парно греење, а тоа пак сериозно ќе се одрази и врз стопанството.
Регулаторите утре треба да постпат и по однос на јавниот оглас, откако Топлификација ги врати сите три лиценци за дистрибуција производство и снабдување со топлинска енергенија, а регулаторите сега бараат нова компанија која би го презела овој бизнис.
Макпетрол: За проблемите со Топлификација виновен е ТЕТО
Недоразбирањата околу наплатата на енергенсите кои настанаа на релација Топлификација -„Макпетрол, според првиот човек на Макпетрол, Јосифовски биле поради многу нерешени прашања меѓу Топлификација и нејзината фирма ќерка ТЕ-ТО. „Топлификација од една страна ги враќа лиценците со што покажува дека не сака повеќе да се занимава со тој бизнис, а од друга страна моли никој да не го преземе“, изјави Јосифовски.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





