„Макпетрол“ со 13 медали најуспешен на државното карате-првенство за сениори
Објавено во: Мои пари 20 Февруари, 2023 12:59
Со шест златни, пет сребрени и две бронзени медали, карате клубот „Макпетрол“ оствари најдобар резултат на државното првенство за сениори што викендов се одржа во Скопје. Во своите тежински категории, шампиони на Македонија станаа Петар Заборски (-75 кг.), Ангела Мојсовска (-68 кг.), Стефан Стојановиќ (+84 кг.) и Петар Спасеновски (-84 кг.).
Освен во индивидуалните категории, на прво место се пласираа и машката и женската екипа на „Макпетрол“. Симона Заборска (капитен), Викторија Јовановска, Ангела Мојсовска, Јована Мицковска и Марија Петровска го сочинуваа женскиот тим, додека Петар Заборски (капитен), Петар Спасеновски, Давид Петков, Стефан Стојановиќ, Глигор Петков и Витомир Трајковски беа дел од машкаташампионска екипа на скопскиот клуб.

На државното првенство со сребро се закитија: Марија Петровска (-50 кг.), Јована Мицовска (-61кг.), Давид Петков (-67 кг.), Витомир Трајковски (-84 кг.) и Глигор Петков (+84 кг.). Бронзени медали освоија Симона Заборска (-61 кг.) и Викторија Јовановска (-61 кг.).
Тренерот на „Макпетрол“, Бошко Заборски, е задоволен од постигнатото и од прикажаните борби на сите членови на клубот, а според него, најважно е што тимотво текот на шампионатот повторно демонстрира модерно и врвно карате.

- Сите наши натпреварувачи покажаа спортска зрелост да го облечат националното кимоно и да станат составен дел на репрезентацијата. Во поединечна конкуренција имавме успешни настапи во машка конкуренција и финалните борби во полутешка и тешка категорија беа со наши членови. И во екипните натпревари во дисциплината борби имавме одлично претставување. Освоивме златни медали и во машка и во женска конкуренција, односно двата наши тима државни шампиони - истакна Заборски.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




