20 Декември, 2025
0.0386

„Макпетрол“ со 13 медали најуспешен на државното карате првенство за сениори

Објавено во: Мои пари 02 Април, 2024 08:51

Добивај вести на Viber

Карате клубот „Макпетрол“ со вкупно освоени 13 медали  е најуспешен на државното првенство во карате за сениори во борби и кати што викендов се одржа во Скопје. Каратистите на „Макпетрол“ освоија шест златни, четири сребрени и три бронзени медали, со што не дозволија промена на врвот во генералниот пласман на првенството и повторно се најуспешен клуб.

Зад „Макпетрол“, на второто место според постигнатиот успех и освоените медали е „Олмпик спорт 2007“ со шест освоени медали, додека трет е клубот „Фунакоши Гичин“ исто така со шест медали.

- Задоволни сме од постигнатото на државното првенство и од прикажаните борби на сите наши спортисти. Најважно од сѐ е што повторно демонстриравме и прикажавме модерно и врвно карате и останавме на врвот на најуспешни клубови во генерален пласман – истакнаа од карате клубот „Макпетрол“.

Со златни одличја на државното првенство се закитија каратистите на „Макпетрол“ Симона Заборска, Ангела Мојсовска, Петар Заборски, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ, како и екипно борби во машка конкуренција.

Сребрени медали освоија женскиот тим во борби, Давид Петков, Викторија Јовановска и Витомир Трајковски. Со по една бронза првенството го завршија Јована Мицовска, Данило Божовиќ и Димитар Лозановски.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

БИТОЛА И ВИЕНА ПОВТОРНО НА ИСТА АДРЕСА

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии