Макрадули не кажува со колку пари Владата помага за филтри на „Југохром“
Објавено во: Економија 14 Јуни, 2018
Министерот за животна средина Јани Макрадули потврди дека Владата на РМ финансиски го помага комбинатот „Јухохром“ да постави филтри и со тоа да ја стекне лиценцата за повторно да проработи, но одби да ја каже сумата за време на третата официјална посета од Европската агенција за животна средина – ЕЕА.
Согласно задачите кои ги има добиено во рамки на оперативниот план, компанијата „Југохром“ се обврза да ги постави филтрите. Нашата задача како Министерство за животна средина и просторно планирање е да провериме дали тие се согласно стандардите што се предвидени и тука завршува нашиот дел во овој момент.- изјави заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, одговарајќи на новинарско прашање.
- Откако ќе добиеме повторна информација од страна на компанијата и ново аплицирање, нашите служби ќе отидат и да го проверат тоа. Владата дава поддршка, но не можам точно да ви кажам колку тоа финансиски го направивме, рече Макрадули.