Макрадули: Не ни требаат многу пари за да се справиме со загадувачите
Објавено во: Македонија 30 Ноември, 2018 09:02
Социјалните случаи кои се греат на нееколошки средства ќе добијат помош од државата и директна замена на она што го користат, рече заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, во полласовно одговарање на прашања поставени од Фејсбук и Твитер-заедницата поврзани со Планот за чист воздух
Тој додаде дека буџетот од само 1,6 милиони евра изгледа мал затоа што, како што вели тој, не се потребни многу пари во борбата со аерозагадувачите, туку потребна е посветеност и систематска работа.
„И со овие средства ќе покажеме дека постојат резултати“, рече Макрадули и додаде дека во Македонија има вкупно 396 компании со легални еко-дозволи од кои 160 со А дозволи. За разлика од 2017 година кога имало тројца инспектори во Град Скопје, сега се 18 на број и дополнително пет нови во Државниот инспекторат.
„Инспекторите на Градот Скопје ги проверија вонредно сите компании коишто имаат Б дозвола, и во месеците септември и октомври, годинава, се изречени двојно повеќе казни од лани“, нагласи Макрадули.
За мерењата на штетните емисии кои ги испуштаат индустриските капацитети, заменик-министерот одговори дека нив ги вршат акредитирани лаборатории, а емисиите на „Макстил“ и „Усје“ тврди дека постојано се мерат.
„Во моментов се врши акредитација на лаборатријата што постои во Министерството за животна средина. За една инсталација да добие дозвола, мора да има мерен инструмент и тие ги мераат податоците и ги доставуваат до Министерството или ги објавуваат на веб страницата“, рече Макрадули.
Останува на ставот дека домашното затоплување е најголемо загадување, а во Скопје се трошат само 317 илјади тони огревно дрво.
„ Во една сезона во Скопје, се сече дрва колку што има на Водно“, рече Макрадули.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




