Макрон порача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите
Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2021
Францускиот претседател Емануел Макрон порача дека Македонија заслужува да ги почне преговорите.
„Вашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување“, изјави Макрон вечерва на средба со премиерот Зоран Заев во Париз.
Заев е на вечера со францускиот претседател. Дел од владината делегација се вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров и министерот за надворешни работи Бујар Османи. Се одбележуваат 28 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји.
Пред ветото од Бугарија, Македонија се соочи со вето од Франција. Оваа земја не дозволи Македонија и Албанија да ги почнат преговоирте.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.