(ВИДЕО) Американската војска во источниот Пацифик уништила брод за шверц на дрога, има жртви
Објавено во: Свет 05 Декември, 2025 22:06
Американската војска објави дека во источниот Пацифик уништила брод кој, според официјалните извештаи, бил користен за шверц на дрога. При акцијата загинале четири лица. Ова го потврди Јужната команда на САД (SOUTHCOM), додавајќи дека бродот бил „поврзан со назначена терористичка организација“.
„Четири машки наркотерористи на бродот беа убиени“, објави SOUTHCOM на платформата Икс.
Во последните месеци американските сили извршиле неколку слични напади. Медиумските проценки покажуваат дека досега во вакви мисии се убиени речиси 90 лица. Шефот на Пентагон, Пит Хегсет, неодамна најави дека ќе следат уште вакви операции.
фото принтскринOn Dec. 4, at the direction of @SecWar Pete Hegseth, Joint Task Force Southern Spear conducted a lethal kinetic strike on a vessel in international waters operated by a Designated Terrorist Organization. Intelligence confirmed that the vessel was carrying illicit narcotics and… pic.twitter.com/pqksvxM3HP
— U.S. Southern Command (@Southcom) December 4, 2025
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) Украинците го погодија Грозни сити, а Русија се закани со одмазда
Сите чешми може да пресушат - овој град наскоро може да биде евакуиран
Индиски новинар го праша Путин дали жали за нешто во последните 25 години на чело на Русија
Тектонски промени во стриминг индустријата – Netflix еден чекор поблиску до најголемата аквизиција во историјата
„НАТО ПОВЕЌЕ НЕМА ДА СЕ ПРОШИРУВА“ Вашингтон со порака: Европа сама да ја консолидира и финансира својата безбедност
Падот на Cloudflare повторно ја наруши работата на многу веб-страници
Медведев: Користењето руски замрзнати средства од ЕУ ќе се смета за повод за војна
Четири воени дронови се упатиле кон авионот на Зеленски во Даблин?
„Њујорк тајмс“ го тужи Хегсет поради репресијата на Пентагон врз медиумите





