20 Декември, 2025
0.0587

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ И ПАНЧЕ ЗАЕВ ГО „ЗОВРЕА“ ФЕЈСБУК - Кој е третиот син и братот по крв, а се почна со 27 април

Објавено во: Македонија 28 Април, 2022 11:47

Добивај вести на Viber

Вчера вечлрта македонската јавност имаше прилика да види своевидна препирка меѓу актуелниот кумановски градоначалник Максим Димитриевски и таткото на поранешниот премиер Зоран Заев, Панче Заев. 

Се почна кога Димитриевски, по повод петгодишнината од упадот во Собранието кој се случи на 27 април 2017 година, а кој сведочевме на големи насилства врз тогашните пратеници, кумановскиот градоначалник Димитриевски објави на Фејсбук дека правдата не смее да биде селективна, или казна за сите или пак амнестија за сите, но за жал како и секогаш, напиша тој, заглавиле само подредените и подведените, додека сценаристот, режисерите и политичарите повторно се извлекле и спогодиле. Димитриевски вели и дека историјата и идните генерации ќе судат кој правилно постапил.

На самиот негов пост коментираше Панче Заев, татко на експремиерот Зоран Заев. Еве што тој напиша. 

Максим нели ти е срам. Беше таму, имавте среќа што извлековте живи глави и сега да имало за сите амнестија, што сорта ќе беше - ти се однесуваш како да не си оттука, срамно Максо, мојот трет син и побратим на Зоки“, коментираше Панче Заев. 

Но, Максиум Димитриевски не остана должен, па коментираше и тој, наведувајќи дека е од сортата Кумановска, истата таа сорта што пред Владата со денови спиеше заедно со многумина како нив, истата таа сорта што застана во прв ред да го брани тоа во што верувале сите, во слоганот „Нема правда, нема мир“, во подобра држава во која поединци нема да бидат над законот.

„Ви благодарам јас татко имам во Куманово, Димче се вика, амнестијата беше токму направена со политички договор во неколку наврати, мојот како што вие велите побратим по крв многу добро знае за тоа. Зошто Груевски побегна во Унгарија, кој му дозволи, зошто никој не одговараше никогаш за тоа, како тоа вратарите наши тогаш колеги пратеници денес не одговараат, зошто тој што со столови ни ги кршеше главите до ден денес не е осуден и на крај зошто до ден денес не ме повикаа никогаш повеќе да дадам изјава на суд откако во неформален разговор и реков на судијката дека тие што ги носат на суд за фрлање на сталци и статици кон нас треба мандатно да се казнат и да се испратат дома со семејствата, а вистинските виновници коишто беа сценаристи и режисери, логистика, луѓе кои отвораа врати и ја наведуваа толпата по ходниците на Собранието да одговараат. Јас верував во таа борба за живот за сите, и доколку се вратам назад низ времето со тоа убедување повторно би постапил исто драг чичко Панче, но никогаш повеќе за онаа што потоа се случуваше со методите на Груевски на квадрат во маскирана форма. Како и да е времето ќе покаже кој погрешил“, напиша Димитриевски.

Кумановскиот градоначалник на ова дпоби поддршка од голем број граѓани кои го критикуваа таткото на Заев, а велеа дека Димитриевски во клучни и суштински моменти имал свое јас. Тие прашаа и зошто Панче Заев порано не се сетил на својот син.

Панче Заев пак, на некои од граѓаните одговори: „Јас не го молев да ми биде син, тој ми се јави и ме праша дали го прифаќам, ама тогаш имаше интерес и се правеше дека му е брат на Зоки и тоа по крв“, напиша Панче Заев. 

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки