17 Декември, 2025
0.0447

МАКСИМ ДИМИТРИЕВСКИ ЌЕ ФОРМИРА ПОЛИТИЧКО ДВИЖЕЊЕ СО СВОИ ИСТОМИСЛЕНИЦИ - на следните избори ќе победиме, и тоа на најдемократски начин

Објавено во: Македонија 22 Јуни, 2022 15:56

Добивај вести на Viber

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во емисијата „Студио 10“ на Телевизија 24 информираше дека има намера заедно со неговите истомисленици да формираат политичко движење со кое ќе настапат на следните парламентарни избори во земјава. 

Тој истакна дека од политичката партија СДСМ сè уште не знаат дали тој е нивен член или не е. 

 „Сè уште официјално сум член, иако тие самите не знаат дали сум член или не сум член. Еден ден велат ќе се врати, другиот ден велат избркан е. Еден ден ме повикуваат, вториот ден се откажуваат од мене, ме критикуваат, организираат протести итн. Една политика локално раководство, друга политика централно раководство, трета политика лидерот итн. Раштиман оркестар. Немам намера да се вратам во СДСМ, затоа што имам намера заедно со мои истомисленици да формираме едно политичко движење на граѓаните во Македонија коешто на следните парламентарни избори ќе победи на најдемократски начин. Зошто? Затоа што сметам дека е општа катарза во општеството и сето она што се нуди на политичката подлога, на политичката понуда во моментов во државата е премногу слаба да се носи со сите овие моментални предизвици коишто ги има државата. Кој командува со партијата? Командува за жал политбирото против којшто сите се боревме, а не командуваат официјалните органи и тела на партијата. Зошто францускиот предлог пред да се произнесе било кој во јавноста не е ставен официјално на разгледување на органи и тела на владејачките политички партии, вклучувајќи го СДСМ. Зошто не изгради членството преку своите делегатски системи, преку централните, извршните одбори со одредени ставови?“, рече Димитриевски.

Според него, граѓаните треба да се разбудат и да влезат во процесот којшто значи да се борат самите за себеси. Димитриевски истакна дека секојдневно доаѓаат кај него многу граѓани од различен профил истомисленици, за што им благодари многу и го почитува тоа што всушност претставува дополнително охрабрување, кои што велат „ајде да се одважиме и да излеземе заедно и да направиме нешто за државата“. 

„Ние мораме да бидеме искрени со граѓаните. Мораме на граѓаните да им ја кажеме вистината и да им ги кажеме очекувањата кои што се. Не можеме на граѓаните да им креираме лажна вистина и да им ветуваме празни ветувања. Дополнително финансиски државата да ја консолидираме, да престанеме со мито, корупција и грабеж кој што во континуитет се случува, да го собереме тој скромен капитал којшто го поседуваме како држава, да го свртиме, да направиме дополнителна вредност, да го качиме БДП, да помогнеме на стопанството и да тргнеме сами со сопствени сили напред, а сето она што ни доаѓа од надвор да биде нашата дополнителна вредност“, посочи Димитриевски.

Можеби ќе ве интересира

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

Битолчанец со секира во казино барал да му ги вратат парите што ги изгубил на коцка

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

„Дали е точно дека група обвинители на чело со Коцевски заташкуваат над 40 предмети за функционери од СДС и ДУИ?“: ВМРО-ДПМНЕ по оставката

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

ЖЕНАТА ДОНЕЛА ПИШТОЛ, МАЖОТ ПУКАЛ: Две лица осомничени за убиство во гостиварско

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Муцунски од Брисел: Сите ние од Западниот Балкан треба да бидеме заедно во ЕУ

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Македонија со 2 автобуса на 1 000 жители над европскиот просек од 1,6

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

Има ли некој што не јаде ајвар? Еве што открива статистиката за потрошувачката во домаќинствата...

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

„ОВИЕ УШТЕ НЕ СЕ ПОГЛЕДНАЛЕ ВО ОГЛЕДАЛО И НИШТО НЕ НАУЧИЛЕ ОД СВОЈОТ ПАД“: Ванковска за СДСМ и изјавите за мигрантите

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

Според Туфегџиќ, Коцевски си заминал тивко, празно и без суштина, исто како и начинот на кој што дошол

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата

АЛЕКСАНДАР ТРАЈАНОВСКИ И ЈОВАНКА ТРЕНЧЕВСКА НОВИ ПОТПРЕТСЕДАТЕЛИ НА СДСМ: „Ова е тим кој влегува во храбра и многу одлучна борба“, велат од партијата