Максим Димитриевски му прати и подарок на Каракачанов
Објавено во: Македонија 04 Ноември, 2020
Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски му прати протестно писмо на бугарскиот министер за одбрана, Красимир Каракачанов.
Тој му го врати одренот кој претходно го добил од Каракачанов, а му прати и подарок.
„Моето протестно писмо до Красимир Каракачанов е испратено заедно со орденот и прилог скромен подарок до него - книга „The Soul of Macedonia" од авторот Наце Попов во која сликовито е прикажана и објаснета духовната убавина на нашата држава и народ. Се надевам дека истото ќе даде допринос за поголемо взаемно вреднување и почитување а воедно и осознавање“, пишува Димитриевски на Фејсбук.
Тој претходно кажа дека закани се неприфатливи во 21 век и дека тоа не оди во прилог на добрососедство.
Каракачанов кажа дека ќе прател полк во Скопје да ги урне спомениците.
Ова го налути кумановскиот градоначалник и тој реагираше.
Димитриевски го доби орденот од 100 годишната од Првата светска војна во 2017 година.