27 Јануари, 2025
0.0330

НА МАЛИОТ ТАДЕЈ МУ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ: родителите на ова момче бараат поддршка за да го испратат на лекување во Белгија

Објавено во: Македонија 26 Јануари, 2025

Добивај вести на Viber

Малиот Тадеј Ристевски, 7-годишно момче со аутизам, кое секој ден се бори со предизвиците со кои се соочува. Одржувањето на вниманието и концентрацијата му претставува секојдневна потешкотија во домот, во училиштето, со другарчињата на улица, а неговото отсуство на говор ја отежнува комуникацијата со сите. 

- Со надеж во срцата, го однесовме Тадеј во реномираниот центар Atlantis во Белгија, каде што тој започна со специјализирани терапии за подобрување на говорот и концентрацијата. Веќе по кратко време видовме мали, но значајни резултати кои ни дадоа сила и верба дека нашиот син може да направи чекор напред. Благодариме од срце - семејство Ристевски.

Сепак, посочуваат дека продолжувањето на терапиите во овој центар бара значителни финансиски средства од 20.000 евра, кои не се во можност сами да ги обезбедат. 

- Затоа се обраќаме до сите вас, хуманите луѓе кои ја препознаваат важноста на секој мал чекор напред. Ваша помош ќе му овозможи на Тадеј да продолжи со третманите кои може да ја променат неговата иднина и да го отворат неговиот свет кон зборови и разбирање. Секој прилог, без оглед на износот, е огромна поддршка за нас и за Тадеј. Вашата добрина и солидарност ни даваат надеж дека нашето момче ќе ги победи предизвиците и еден ден самиот ќе ви се заблагодари - напоменуваат родителите на Тадеј.  

Донациите може да ги направите директно на банкарска сметка или преку телефонски позив. 

Име: Фондација Икрауд 

Сметка: 270078016610134 

Банка: Халк Банка

Опис: За Тадеј 

Шифра: 562

Донаторскиот фонд на Фондацијата ИКРАУД можете да го поддржите во износ од 100 денари со телефонски повик.

Телеком  - 143 999 

Можеби ќе ве интересира

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОКАЖА ДОКУМЕНТИ: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

ВЕНКО ФИЛИПЧЕ ПОКАЖА ДОКУМЕНТИ: Вистината за Клиниката за Онкологија излезе на виделина

ШЕСТЕ БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ОВАА НЕДЕЛА: „Уште еднаш да повторам - лекови има“

ШЕСТЕ БИОЛОШКИ ЛЕКОВИ ЌЕ БИДАТ ДОСТАПНИ ОВАА НЕДЕЛА: „Уште еднаш да повторам - лекови има“

ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО, ИАКО НЕГИРА: Се огласи обвинителката Крстевска

ЈАВНОСТА ЌЕ ДОЗНАЕ ШТО ПРАВЕЛ ПАЛЧО, ИАКО НЕГИРА: Се огласи обвинителката Крстевска

КОЈА Е ДАНИЕЛА КОЛЕВА, НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ - еве кој сѐ ќе членува во таа партиска организација

КОЈА Е ДАНИЕЛА КОЛЕВА, НОВА ПРЕТСЕДАТЕЛКА НА ФОРУМОТ НА ЖЕНИ НА СДСМ - еве кој сѐ ќе членува во таа партиска организација

„ДОСТАВУВАМ И ДОКАЗ“: Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО

„ДОСТАВУВАМ И ДОКАЗ“: Палевски побара изземање на обвинителката Крстевска и целото ОЈО

КАДЕ Е РАДЕ ТРАЈКОВСКИ-ШТЕКЛИ, ЗА КОГО СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР - на Инстаграм осамна стори, како е тоа возможно

КАДЕ Е РАДЕ ТРАЈКОВСКИ-ШТЕКЛИ, ЗА КОГО СУДОТ ОДРЕДИ 30 ДНЕВЕН ПРИТВОР - на Инстаграм осамна стори, како е тоа возможно

Гоце Трајковски нема да сведочи денес за убиствата на Вања и Панче

Гоце Трајковски нема да сведочи денес за убиствата на Вања и Панче

ЉУБЧО НА УНИКАТЕН НАЧИН ГО ЧЕСТИТА ГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРАЗНИК СВЕТИ САВА: „Се велат Македонци ама дишат како Срби“

ЉУБЧО НА УНИКАТЕН НАЧИН ГО ЧЕСТИТА ГОЛЕМИОТ СРПСКИ ПРАЗНИК СВЕТИ САВА: „Се велат Македонци ама дишат како Срби“

ЕВЕ ВАКА ИЗГЛЕДА РАБОТАТА НА ГРАДОТ И ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА - ЦЕНТАР ВО ЃУБРЕ, СРАМОТА! Герасимовски нервозен заради нехигиената

ЕВЕ ВАКА ИЗГЛЕДА РАБОТАТА НА ГРАДОТ И ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА АРСОВСКА - ЦЕНТАР ВО ЃУБРЕ, СРАМОТА! Герасимовски нервозен заради нехигиената