Максим Димитриевски: Попусто не убедувате за предлогот
Објавено во: Македонија 02 Јули, 2022 16:57
„Не убедувајте не, овој предлог е штетен по македонскиот народ и државност, истиот нема да добие народна подршка“, порача Максим Димитриевски, градоначалникот на Куманово откако вчера Владата го објави предлогот на француското претседателство со ЕУ.
- Од билатерален дозволувате да се трансформира во мултилатерален проблем со кој еден ден ќе се соочат нашите внуци и правнуци а дополнително се обидувате да ја релативизирате тежината на предлогот.
Лидерството значи да мислиш и работиш за националните и државни интереси, не да го уриваш и подгазуваш тоа што предците ти го оставиле.
Тоа што не го постигнаа во минатото со оружје во балканските, првата и втората светска војна, денеска се обидуваат по дипломатски пат да го постигнат со власт која за жал по сите досегашни постапки повеќе не го застапува нашиот национален и државен интерес“, гласи реакцијата на кумановскиот градоначалник.
Димитриевски и порача на власта да не ја одбира страната на предавства во историјата.
„Македонскиот народ и сите граѓани на Македонија како и многупати до сега низ историјата ќе го надминат и овој предизвик и сите заедно ќе излеземе посилни и пообединети ЗА НАША МАКЕДОНИЈА.
Македонецот опевал и ќе опејува многупати за јунаштво и подвиг но исто така и за предавство и самопонижување... Вие самите од власта изберете си ја песната, јас мојата многу одамна ја избрав.МАКЕДОНИЈА ЌЕ ПОБЕДИ!“, нагласува поранешниот функционер на СДСМ.
Можеби ќе ве интересира
Министерство за здравство ќе спроведе вонреден инспекциски надзор за смртта на новороденчето
Нема да има огномет од Град Скопје за Нова година?
Собранието го констатираше престанокот на функцијата на обвинителот Коцевски
Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски поднесе неотповиклива оставка
ИСКОПУВАЛЕ КУЛТУРНО НАСЛЕДСТВО, ЗАВРШИЈА ЗАД РЕШЕТКИ: МВР најде метални детектори и кутија со 43 златни и сребрени монети
Интервју со Д-р Слободан Лазаревски: Она што ми се случи можеби беше божји знак за повторно откривање на малите нешта
ПАК ЌЕ БИДЕ ГЛАСНО, АМА БАРЕМ ЌЕ ЗНАЕМЕ КОЛКУ: Поставени се сите 30 уреди за мерење бучава во Центар




