МАКСТИЛ СЕ ЗАДОЛЖУВА ЗА 45 МИЛИОНИ ЕВРА КАЈ СТОПАНСКА БАНКА – под залог одат и Челичарница и Валавница
Објавено во: Економија 04 Септември, 2025 07:52
Компанијата Макстил ќе се задолжи со сума од 45 милиони евра кај Стопанска банка Скопје, кредит кој како што посочуваат ќе се искористи за поддршка на тековно работење, но и враќање на долгорочни и краткорочни кредити. Притоа кредитот според објавата ќе треба да се врати до крајот на 2040 година.
Макстил преку Македонска берза известува дека „се одобрува голема зделка, која што се состои во склучување на Договор за мултивалутна кредитна рамка со која што Макстил АД Скопје ќе се задолжи кај Стопанска банка АД Скопје во износ од 45.000.000евра, зголемен за камати и трошоци на начин, под услови и рокови предвидени во Договорот, со важност до 31.12.2040 година“.
- Средствата ќе се користат за поединечни подлимити. Подлимит на име кредитна линија во износ до 23.000.000евра за поддршка на тековното работење, кој вклучува: подлимит до 20.000.000евра за краткорочни кредити, акредитиви и гаранции и подлимит до 3.000.000евра дозволено пречекорување на платежна сметка на Корисникот.
Подлимит на име долгорочен кредит во износ од 246.000евра одобрен со намена за инвестиција. Подлимит на име долгорочен кредит во износ од 519.000евра одобрен со намена инвестиција. Подлимит на име долгорочен кредит во износ од 8.000.000 евра одобрен со намена инвестиции согласно презентираниот план за 2024 година – се појаснува во документот објавен на веб страната на Македонска берза.
Исто така парите ќе се користат и за долгорочен кредит во износ од 7.500.000 евра со намена за инвестиции согласно планот за 2025 година.
За обезбедување на максималниот износ се дава согласност Макстилда заснова заложно право врз Недвижен имот и тоа производен погон Валавница со вкупно проценета вредност од 12.935.000 евра, кој се состои од земјиште, производен погон Валавница во комплекс Железара. Исто така и на недвижен имот производен погон Челичарница со вкупно проценета вредност од 15.916.000. Под залог се ставаат и подвижни предмети процесна опрема и машини за производство на слабови во погонот Челичарница со вкупно проценета вредност во износ од 9.680.000 евра, потоа опрема и машини за топло валање на лимови во погон Валавница, со вкупно проценета вредност во износ од 14.820.000 евра.
За овој кредит, Макстил задолжува и филтерска постројка за третман на гасовите во Челичарница, со вкупно проценета вредност во износ од 4.337.000 евра.
- Се дава согласнсот Макстил АД Скопје да издаде 3 бланко сопствени меници со клаузула "без протест", уредени со нотарски акт со клаузула на извршност, како и да издава нови меници на барање на Банката, кои ќе служат како инструменти за обезбедување на наплата на вкупните побарувања (главен долг, камати, трошоци) на Стопанска банка АД Скопје кои произлегуваат од Договорот за мултивалутна кредитна рамка– се наведува во документот.
Исто така Макстил АД Скопје треба да обезбеди корпоративна гаранција од Duferco International Trading Holding S.А. за залогот од 45.000.000 евра.
- Собранието го овластува Одборот на Директори на Макстил АД Скопје да одобри склучување на анекси кон Договорот за мултивалутна кредитна рамка со Стопанска банка АД Скопје, без потреба од претходно одобрување од страна на Собранието, во случај кога со анексот се врши зголемување на вкупниот износ на кредитната рамка најмногу до 10 отсто од првично одобрениот износ утврден во точка 1. Сите измени со кои се прави зголемување на износот на кредитната рамка над 10 проценти, остануваат предмет на задолжително одобрување од страна на Собранието– се прецизира во објавата.
Притоа е посочено дека наведената зделка како голема зделка, изнесува повеќе од 50 отсто од книговодствената вредност на имотот на друштвото определена врз основа на последните ревидирани годишни финансиски извештаи, па од тие причини согласно Статутот на Макстил АД Скопје и Законот за трговски друштва е потребно истата да биде одобрена од страна на Собранието на акционери на Друштвото.
П.О.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?
Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...
Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното
ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката





