Мал интерес кај земјоделците за осигурување на посевите
Објавено во: Агробизнис 28 Февруари, 2013
„Не сме задоволни од апсорпцијата на средствата, но сепак, во однос на 2008 година кога оваа мерка беше првпат воведена заинтересираноста за осигурување на обработливите површини се зголемува. Тогаш 300 земјоделци користеа поддршка и беа потрошени три милиони евра“, изјави Ивановски.
Според него, не само што има можност, туку е огромна и потребата од што поинтензивно осигурување на посевите. Тоа се потврди и со поројните дождови и поплавите што ја зафатија Македонија деновиве.
Вреднувањето на земјоделското производство од страна на осигурителните компании и дефинирањето на условите во полисата се меѓу клучните причини поради кои производителите во мал процент ги осигуруваат површините. Најмногу полиси има за градинарството, лозарството и овоштарството.
За 2013 година државата обезбеди околу 35 милиони денари со кои ќе покрива 60 отсто од трошоците за полиси на земјоделските површини. Во мерката е вклучено и пчеларството.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.