27 Јули, 2024
0.1790

МАЛА, МАЛА, АМА „ТЕХНИЧАРКА“ - како ТТК банка успеа да го зголеми својот профит за 73 проценти

Објавено во: Финансии 31 Јануари, 2024

Добивај вести на Viber

И малите банки знаат да работат профитабилно, и да гои зголемуваат своите добивки, иако нивните позитивни финансиски резултати ни оддалеку не се толку високи како големите профитни колачи кои минатата година ги испорачаа големите банки.

Една од само неколкуте наши мали банки, ТТК банка, секогаш покажува дека нејзиното функционирање и работење е и тоа како оправдано и профитабилно, и дека е практично гордост на нејзиниот најголем акционер, тетовскиот комбинат Тетекс.

ТТК банка ги објави целосните финансиски резултати за минатата година, а тие говорат дека таа ја завршила 2023 со чист профит од 1,71 милиони евра, што е зголемување за речиси 73 отсто или безмалку двојно.

Добивката на ТТК банка не ја надминала само претходната 2022 година, туку и планираниот профит, и тоа за осум отсто, што значи дека акционерите имаат причина да бидат задоволни.

„Во анализираниот период, ТТК Банка АД Скопје ги приспособи своите стратешки и финансиски цели кон макроекономското окружување. Тоа доведе до зголемување на профитабилноста, надминувајќи ги очекувањата за раст и обезбедувајќи конзистентна вредност за клиентите, за вработените и за акционерите. ТТК Банка АД Скопје забележа позитивен финансиски резултат, темелен на здрава основа и во согласност со окружувањето. Повисокиот финансиски резултат се должи, пред сè, на забрзаниот раст на оперативните приходи од 6,8 отсто, при контролиран раст на оперативните расходи од 3,3 отсто“, се вели во објаснувањето кое банката го дала за својот финансиски резултат.

Најголемите приходи на банката како и обично и ги донеле нето приходите од камати, од кои таа инкасирала одлични пет милиони евра. Во однос на истиот период лани зголемувањето на нето приходите од камати се за дури 23,5 отсто, а во однос на планот, пак, порастот е за седум проценти. Тие се всушност најголемиот приход на сите банкари, а ја сочинуваат разликата меѓу каматите на одобрените кредити и оние на депозитите кои ги чуваат кај себе.

Нето приходите од провизии и надоместоци, пак, донеле 2,9 милиони евра, што е исто така зголемување во однос на претходната година.

„Нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги во тековниот период изнесуваат 176,5 милиони денари, бележејќи годишен раст на приходите од провизија од 14,5 отсто. Најголемо учество во генерирањето на приходите од провизии имаат провизиите од домашниот платен промет, како и провизиите од картично работење, кои бележат пораст, во најголем дел, заради зголемените приходи од провизии од услугите реализирани преку проширената мрежа на банкомати и зголемениот обем на работењето со картички. Во однос на планот за овој период, нето-приходите од провизии и надоместоци за услуги се остварени со 95 отсто“, се вели во образложението од банката. 

Нето-приходите од курсни разлики изнесуваат 15,5 милиони денари и бележат годишен раст од 10,5 отсто како резултат на зголемениот обем на тргувања на девизниот и на менувачкиот пазар. Во однос на планот се остварени со 106 проценти. 

Останатите приходи од работењето на Банката изнесуваат 56,7 милиони денари како резултат, пред сẻ, на реализирани приходи од капитална добивка од продажба на преземени средства. Во однос на планот истите се остварени со 97 отсто.

Исправките на вредноста за лошите пласмани се 772 илјади евра.

Вкупните оперативни трошоци во анализираниот период изнесуваат 386,8 милиони денари и се за 3,3 отсто повисоки во однос на истиот период минатата година, како резултат, во најголем дел, од повисоките трошоци за плати. Во однос на планот се остварени со 103 отсто. 

„Периодот на посилен раст на приходите на банката се искористи за јакнење на капацитетот за справување со идни кредитни загуби, со што исправката на вредноста на финансиските средства и на посебната резерва за вонбилансна изложеност на нето-основа изнесува 47,5 милиони денари и таа соодветствува со обемот, структурата и квалитетот на пласманите на Банката. Во текот на 2023 година прокнижена е загуба заради оштетување на нефинансиските средства во износ од 6,3 милиони денари“, нагласиле од ТТК банка во своето побразложение до инвеститорите. 

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

КОЈ ИЗБРОЈА ТОПТАН 72 ИЛЈАДИ ЕВРА ЗА 100 АКЦИИ - силниот профит го вивна интересот за акциите на НЛБ Банка

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

РОДИ МЕ МАЈКО СО К'СМЕТ, ПРЕМИЕР ДА БИДАМ: Еве колкави плати земаат премиерите во Европа

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

НАЈБОГАТИТЕ ЖИТЕЛИ НА ОВАА ЗЕМЈА ТЕЖАТ ПОВЕЌЕ ОД 1.200 МИЛИЈАРДИ ЕВРА: На врвот на листата се имиња познати на целиот свет

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

ЕВЕ КАДЕ НАЈМНОГУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ КУПУВАЊЕТО СТАН: Цени на недвижностите во Европа

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

КАКВИ СЕ ЦЕНИТЕ НА СМЕСТУВАЊЕТО, ХРАНА И УСЛУГИТЕ ВО ЦРНА ГОРА? Сè уште е поевтино од другите дестинации

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

РАБОТЕЛ КАКО СЕЗОНСКИ РАБОТНИК ВО ЛУКСУЗЕН РЕСТОРАН ВО ХРВАТСКА: Му ја намалиле саатницата, бил сместен со 7 работници во една соба, еве го неговот искуство

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

ПРОФЕСОРИТЕ САШО ЌОСЕВ И ВЛАДИМИР ФИЛИПОВСКИ ДОБИЈА СОГЛАСНОСТ ОД НБМ - трет мандат ќе бидат членови на Надзорен одбор на Стопанска банка Скопје

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра

СИНОХИДРО ЌЕ ЈА ПОВЛЕЧЕ АРБИТРАЖАТА - Владата тврди дека ќе бидат заштедени 50 милиони евра