02 Декември, 2024
0.0265

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот значи спроведување на колективните договори и сите други обврски, од 2025 може да размислуваме за развоен буџет

Објавено во: Финансии 27 Јули, 2024

Добивај вести на Viber

Вработените во јавниот сектор ќе ги добијат правата коишто ги предвидува Општиот колективен договор. Со ребалансот на Буџетот обезбедивме средства и ќе се спроведе се што е предвидено со Колективниот договор, а ќе има и усогласување на платите предвидено со Закон. Ова го посочи министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување на ТВ Алфа, во која најави дека ќе се работи на предизвикот со нееднаквоста на платите во различни институции. 

„Усогласување на платите на вработените во јавниот сектор ќе има. Иако, прашањето е зошто за тоа не биле предвидени средства во Буџетот. Исто така ќе се спроведе и се она што подразбира Општиот колективен договор. Но, она што отвора дилема е што се донесол Закон за високо образование во Собранието со кој им се зголемуваат платите, при тоа не се планирани средства во Буџетот. Се потпишува Колективен договор во Министерство за одбрана, исто така не се предвидени средства. Се потпишувале колективни договори и се зголемувале плати. Но, навистина има одредени институции коишто од аспект на платите се во многу лоша состојба, во однос на други институции каде има големи плати. Тука претставуваат предизвик и платите во здравството, образованието. Но тоа е прашање што ќе се решава во наредниот период. Во платите на вработените на исто ниво во различни институции не треба да има толкави разлики“, рече министерката и додаде дека за да не се продолжи со таквата пракса и да се прави штета на одредени вработени дадена е насока да не се потпишуваат колективни договори без обезбедени средства за таа намена и дека таквата постапка ќе се спроведува преку Министерството за финансии. 

Министерката оцени дека станува збор за буџет кој до крајот на годината обезбедува сервисирање на законските обврски и доспеаните обврски, со цел од следната година да може да се размислува за развоен буџет. 

„Дали е развоен или не може да зборуваат, на крајот на денот, резултатите што ќе се остварат на крајот на годината. Резултатите на претходната Влада гледани преку БДП  зборуваат дека не бил развоен и дека спроведувале катастрофални политики. Овој Буџет треба да ги сервисира законските обврски и доспеаните обврски, за да може следната година да размислуваме за развоен буџет“, истакна министерката за финансии, додавајќи дека се обезбедени средства за плати, пензии, студентски оброк, стипендии, спортски ваучери, социјални надоместоци...

Осврнувајќи се на состојбата со јавниот долг рече дека тој е двојно зголемен од 2017 година, а растот на БДП е поразителен. 

„Прво треба да погледнеме како стигнавме до тој процент од 68% Не можам да дозволам да се коментира дека ќе имаме странско задолжување, затоа што тоа е планирано од претходната Влада. Да немавме избори ќе беше реализирано претходно. Она што се трудиме е да најдеме поевтина алтернатива за странското задолжување. Ако излеземе на пазарот со еврообрзница ќе плаќаме камата над 6%, а сега ќе плаќаме 3,25%. Она што е факт дека ние го зголемуваме долгот за 181 милион евра колку што е дефицитот. Планираме малку поголемо задолжување затоа што во јануари и февруари ни достасуваат големи кредити. И летгитимно е да сме загрижени затоа што не сакаме да дозволиме да ни падне кредитниот рејтинг“, посочи Димитриеска- Кочоска. 

Во интервјуто вели дека нивото на јавниот долг е согласно постојната Фискална стратегија и дека со носењето на новата можно е ревидирање на нивото што ќе зависи од тоа дали ќе се реализираат одредени проекти како што е жеклезницата кон Бугарија.

Во гостувањето се осврна на состојбата во која е затекната буџетската каса, посочувајќи дека таа била во минус 3,6 милијарди денари, а на девизната сметка салдото било само 47 милиони евра.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

ВИСОКА КАЗНА ЗА ГОЛЕМАТА АМЕРИКАНСКА БАНКА - JPMorgan треба да плати скоро 2 милиони долари за „недолично однесување“

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

НЛБ Банка транспарентно објави! Колкава награда годишно ќе добива надворешен (т.е. независен) член на Надзорен одбор?

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

„ГРАЃАНИТЕ ДА НЕ ОТКРИВААТ ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ“: Народна банка предупредува „зачестија измамите со уплата на средства“

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

МЛАДИТЕ НЕ МОЖАТ ВЕДНАШ ДА СОБЕРАТ 20.000 ЕВРА, МОРА ДА ГО НАМАЛИМЕ УЧЕСТВОТО ШТО ГО БАРААТ БАНКИТЕ - Вучиќ најавува субвенционирање на станбените кредити

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ЌЕ ИМА И БЛОКИРАЊЕ НА ТРАНСАКЦИСКИТЕ СМЕТКИ - УЈП повикува 1.198 даночни обврзници да платат долг за ДДВ од 12,3 милиони евра

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ПЛАТИ 6 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА УМЕТНИЧКА БАНАНА: На крај ја изеде

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА ВО ЗИМА НЕНОРМАЛНО ЈА КАЧУВА СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА: Никој не е ни свесен дека поради ова месечно се губат многу пари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ОВА СЕ НАЈЕВТИНИТЕ ГРАДОВИ ЗА НОВА ГОДИНА! За малку пари можете да уживате во целата магија на божиќните пазари

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!

ЕВЕ ГИ ЦЕНИТЕ ЗА СКИЈАЊЕ НА ПОПОВА ШАПКА: Промотивната цена важи уште денес!