25 Ноември, 2024
0.0313

Мала разлика меѓу тие кои ќе се вакцинираат и оние кои се против: Дали Македонците планираат да примат вакцина

Објавено во: Македонија 12 Јануари, 2021

Добивај вести на Viber

Вакцинацијата против Ковид - 19 е исклучително важен процес - на светско нив е надеж дека ширењето на корона вирусот конечно ќе се стави под контрола, ќе се зачува здравјето, но и ќе се поттикне економијата. Досега пандемијата имаше сериозни последици на човештвото, а милиони луѓе ја изгубија битката со болеста. Затоа вакцините против Ковид-19 се единствена опција дека има крај. Секоја информација за процесот на вакцинација ги поместува пазарите, регираат цените на акциите, најмногу, државите и граѓаните добиваат чувство дека се ќе биде како што треба. Се разбира има и извесни сомневања околу процесот и дел од граѓаните се скептични во однос на примањето на вакцината.

Според најголемиот број од експертите, имунитетот станува многу посилен и подолготраен со примање на вакцината, отколку природно стекнатиот имунитет со прележување на болеста.

Во Македонија вакцинацијата не е почната. Веќе има најави дека само од производителот Фајзер/БионТек во Македонија ќе пристигнат 800.000 вакцини, но дополнителни количини ќе има и преку системот Ковакс, како и донации од европските земји и соседите. Првите дози треба да стасаат на почетокот на следниот месец. 

Фактор спроведе он лајн анкета во која праша дали граѓаните планираат да се вакцинираат. Вашето мислење е секако важно. Според резултатите од анкетата приближен е процентот на луѓе кои планираат и тие кои не сакаат да се вакцинираат. На анкетата се изјаснија 10.991 лица. Од вкупните гласови 54 проценти од луѓето кои гласале рекле дека ќе се вакцинираат или позитивно одговориле 5.968 луѓе. Дека нема да се вакцинираат се изјасниле 46 проценти од тие кои гласале или 5.023 луѓе.

Фактор само сакаше да го испита јавното мислење и не навлегуваме во ставовите на граѓаните. Дополнително, под постовите за изјаснувањето на нашите профили на социјалните мрежи имаше илјадници изјаснувања кои исто така, беа и за двете опции.

А.Т.


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

За бугарскиот премиер прашањето за уставните измени е веќе затворена работа

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Николоски: Диви плажи функционираат во Струга, до кога ќе се толерира Мерко?

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Просториите на Адвокатска комора насилно запалени, се бара брзо пронаоѓање на сторителот

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Финансиска полиција го истражува поранешниот министер за култура Исмаили

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Тепачка во Итна медицинска помош Гевгелија

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

Вицепремиерот Фетаи: Државата лани замрзнала сомнителен имот од само 1,8 милиони евра

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

По контроверзните помилувања, Силјановска Давкова објави нов комисиски состав

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

Утре ќе бидат претставени шестте еколошки автобуси на ЈСП, донација од ЕУ

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик

„ЗА 176 ПРОЦЕНТИ Е ЗГОЛЕМЕНО НАСИЛСТВОТО ВРЗ ЖЕНИТЕ“: Мојсоска најави - Левица ќе поднесе измена на Кривичниот законик