Малески за Фактор: Ципрас ќе и пркоси на кризата
Објавено во: Македонија 17 Октомври, 2018 15:20
Ципрас нема да дозволи Договорот од Преспа да пропадне без оглед на се. Ако тој го презеде ресорното министерство може да ја стави Македонија во подобра позиција по однос на Договорот, ама лично мислам дека оваа криза со Коѕијас нема да влијае многу, вели за Фактор, универзитетскиот професор Денко Малески.
„Ципрас нема да се откаже од Договорот за кој се изјасни дека е историски и дека треба да се спроведе. Лично се заложи и во меѓународните организации каде гарантираше дека нема одлагање на договорот. Друго сценарио, кое е полошо е да настане поголема криза во Грција и таа да се соочи со проблемот како и во Македонија да нема мнозинство во Парламентот која ќе го поддржи Преспанскиот договор, вели Малески
Според него треба внимателно да се следат случувањата во Атина но сепак верува дека Владата на Ципрас ќе го има мнозинството.
Ѓ.Т.
Можеби ќе ве интересира
„ЗОШТО ВЛАСТА ВЕЗДЕН СЕ БАВИ СО ОПОЗИЦИЈАТА, КОЈА Е УТЕПАНА ОД ГОСПОД“? Калајџиев прашува дали имаат програма за нешто да сработат
„Ова раководство ќе му прогласи стечај на СДСМ“ – порака од лидерот на ЗНАМ
Полицајци ќе се „кројат“ уште од 15 години – Собранието го врати средното полициско училиште
Желјазков: Немаме нерешени билатерални прашања со Република Северна Македонија
Петре Шилегов бара оставка од лидерот на СДСМ, Венко Филипче
Арсовска од медиумите дознала дека треба да пријави имотна состојба, ја обвини ДКСК за јавен линч
Собранието го изгласа пакетот закони потребни за целосно функционирање на системот „Безбеден град“
Собранието донесе Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција




