„Малезија ерлајнс“ – Почетна помош на семејствата на загинатите по 5000 долари
Објавено во: Свет 21 Јули, 2014 16:39
Во соопштението се наведува дека на членовите на семејствата на загинатите патници ќе им бидат упатени пари „како би ги олеснале нивните економски потреби“, пренесува АФП. -„Средствата веќе се на располагање во тие цели“, прецизираше малезиската национална авиокомпанија, со напомена дека оваа финансиска помош нема врска со конечната надокнада ниту ги загрозува правата на семејставата да поднесат тужба.
„Малезија ерлајнс“ исто тоа, им соопшти на семејствата на загинатите патници дека обезбедува хотелски прстој, оброк и помош во превозот покрај пружањето совети.
Авионот на малезиската авиокомпанија се сруши во четвртокот над источна Украина додека леташе од Амстердам кон Куала Лампур со 283 патници и 15 членови на екипажот, и сите загинаа, бидејќи како што се верува авионот е соборен со ракета. Се работи за втор авион на истата авиокомпанија кој доживеа злобна судбина откако на 8 март мистериозно исчезна авион на „Малезија ерлајнс“ на летот MH370 на пат од Куала Лампур кон Пекинг, со 239 патници и членови на екипажот. „Малезија ерлајнс“ веќе со години има финансиски проблеми, со загуби во висина од 1,3 милијарда долари во текот на минатите три години, потсетува француска агенција.Можеби ќе ве интересира
САД даваат безбедносни гаранции за Украина, но нема договор за територијални отстапки
Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?
(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави
(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница
Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“
Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“
Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?
Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица




