29 Септември, 2024
0.0267

МАЛИТЕ ПАРТИИ НА ИТНА СРЕДБА ВО СОБРАНИЕТО: При преговорите за новата влада не отстапуваат од намерата за една изборна единица, велат - доста губевме гласови во ветер

Објавено во: Македонија 13 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

Денеска во Собранието се одржала средба меѓу претставниците на помалите политички парламентарни партии, на која било заклучено тие да бараат, при преговорите за новата влада и нејзината програма, повторно сериозно да се актуелизира и практично да влезе во програмските определби прашањето за една изборна единица, без изборен праг.

Оваа информација за Фактор ја потврди ператеничката од ЛДП, Моника Зајкова.

Како што е познато, предлог законот за измени на Изборниот законик веќе беше поднесен до Собранието од помалите политички партии, во март годинава, но таа точка ниту дојде на дневен ред, ниту стана реалност.

Проблемот е што на двата големи политички блока овој модел не им одговара.

„Од друга страна, пак, поради сегашниот изборен модел, помалите политички партии губат по 50 до 70 илјади гласа“, објаснува пратеничката Зајкова за Фактор.

На денешната средба во Собранието присуствивале Моника Зајкова од ЛДП, Маја Морачанин од ДОМ, Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, Љупчо Балковски од ВМРОП-Народна партија, и сите овие се политички партии од власта, кои го сочинуваат парламентарното мнозинство, како и опозиционерот и лидер на Левица, Димитар Апасиев. 

Според Зајкова, кога се формираше оваа Влада и кога ЛДП, но и другите помали политички партии одлучија да влезат во Владата, исто така како едно од нивните барања беше да се донесат законските измени со кои земјава би била една изборна единица. 

Но, иако предлог за законски измени беше поднесен, таа точка не успеа да дојде на дневен ред.

„Сега, ако се формира нова Влада, нашето инсистирање повторно ќе биде да се актуелизира овој предлог закон, односно тој барем да дојде на дневен ред, да се дебатира за него, да се види дали и кои се добрите и лошите страни“, објаснува Зајкова, додавајќи дека според актуелниот изборен модел, помалите партии практично ги губат во ветер од 50 до 70 илјади гласа, и така е реално помала нивната моќ во законодавниот дом. 

Инаку, и овие пратеници се уште немаат точна информација дали сега ќе се оди на реконструкција на актуелната Влада, или, пак, сегашниот премиер Зоран Заев ќе треба да го врати мандатот, а потоа шефот на државата Стево Пендаровски да му го додели мандатот на новиот лидер на СДСМ и кандидат за премиер Димитар Ковачевски. 

Но, како и да биде, нивната интенција при преговорите ќе биде да не се заборава никако за предлог законот за една изборна единица, односно една изборна единица без изборен праг да стане еден од главните програмски приоритети на новата влада.

Според нашите сознанија, на средбата пратеникот Апасиев сметал дека дури власта треба да биде уценета дека нема да се гласа за новата Влада доколку не се прифати предлогот за една изборна единица. Но, според Зајкова, пратениците од помалите партии од владејачката коалиција рекле дека тие не сакаат да се служат со уцени, туку да се надмине овој проблем и да се прифати предлогот, кој, во крајна линија, е многу значаен за демократизација на целото општество.

Како што веќе пишуваше Фактор, седум пратеници од помалите политички партии, и од власта и од опозицијата, уште во март годинава предложија измени и дополнувања на Изборниот законик, а предлогот го доставија до Собранието. На предлог законот потпишани беа Павле Трајанов од Демократскиот сојуз, Љупчо Балковски од ВМРО-НП, Моника Зајкова и Боби Мојсовски од ЛДП, како и независниот Панчо Минов, но сите дел од владејачкото мнозинство во законодавниот дом, како и Димитар Апасиев и Борислав Кромов од Левица, кои се опозициски народни избраници.

Со измените, како што нагласија предлагачите, се предвидува наместо досегашната поделба на државната територија на шест изборни единици, да се оди кон акцептирање на моделот  - една изборна единица.

„Евидентно е дека во последнава децинија македонскиот политички систем премина од повеќепартиски кон биполарен систем, во кој две главни политички опции ја делат власта. Она што посебно загрижува се должи на самиот факт дека при последните избори, политичкиот систем во земјава речиси и да ги понесе сите суштински карактеристики на биполарен систем, со една доминантна политичка опција, слично на пропорционалниот систем на Јапонија. Тоа, првенствено се огледна низ слабата улога на опозицијата, која како една стара политичка елита, повеќе нема што да понуди на широките народни маси, препуштајќи ја полека својата моќ, на другата - владејачка политичка опција“, напишале предлагачите.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“