Малите парцели-проблем во земјоделството
Објавено во: Агробизнис 22 Април, 2013
Фрагментацијата на земјоделското земјиште се уште е еден од клучните проблеми на македонскиот аграр. Ситните парцели ги намалуваат продуктивноста и ефикасноста, а ги зголемуваат трошоците што се одразува врз крајните приходи на производителите, како и на конкурентноста. Ова е заклучокот од денешната Регионална работилница за развој на пазарот на земјиште и земјишна консолидација во земјите од ЕУ.
- Фрагментацијата на земјиштето и малиот обем на земјоделските стопанства се главните фактори што го спречуваат подобрувањето на конкурентноста на пазарот. Имајќи предвид дека во Македонија како и во поголемиот дел од Централната и Источна Европа проблемите што произлегуваат од расцепканоста на земјоделските површини и од малите фарми го отежнуваат развојот на земјоделството и руралните средини, по распределбата на секое парче државно земјоделско земјиште, сега, поголемиот дел од активностите се насочени кон консолидација, односно окрупнување на површините, рече ресорниот министер Љупчо Димовски кој ја отвори работилницата.
Тој очекува консолидацијата да придонесе за обновување на руралните општини, за поголем економски развој и заштита и подобрување на управувањето со природените ресурси.
Во Македонија просечната големина на земјоделски стопанства од 2,5 до 2,8 хектари и на катастарските парцели од 0,3 до 0,5 хектари се далеку под големината на парцелите на земјоделското земјиште во ЕУ. Околу 40 отсто од приватните стопанства се помали бизниси и имаат земјоделско земјиште помало од 2 хектара.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.