19 Април, 2024
0.0267

МАЛКУ ТИШИНА ВО ЧЕСТ НА МАЈА - поранешното момче Оми Димпоз со сеќавање на инфлуенсерката

Објавено во: Стил 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Голем број на медиуми во Танзанија објавија за смртта на македонската инфлуенсерка и мејкап артист, Маја Mia Јанеска, која почина на 39 годишна возраст. 

За неа се погласно се зборува дека извршила самоубиство со пиштол, а причината се уште не е позната – објавија повеќе танзаниски медиуми.

Охриѓанката која долги години години живеела во Танзија, околу две години била во врска со популарниот музичар Оми Димпоз. За време на свој настап во локалот Фиеста, завчера тој од публиката побарал неколкуминутен молк, во чест на Маја.

„Додека настапуваше во Фиеста, Димпоз замоли за малку тишина, во чест на Маја Миа. За оние кои се прашуваа која е Маја, таа беше мејкап артист од Македонија, родена во Охрид. Се грижеше за шминката на многу артисти за време на снимање на музички записи, филмови и настани. Исто така, таа за прв пат се појави на Јутјуб во 2012 година, со свое видео во кое подучува како правилно да се шминкате, и доби многу следбеници“, пишуваат медиумите.

Маја беше многу популарна и на Инстаграм и имаше многу следбеници. 

Фактор објави дека полицијата потврдила дека Маја Јанеска во петокот била пронајдена со прострелна рана во главата. Јанеска во моментот на нејзината смрт била во врска со Кајл Филипс, ко-директор на компанијата за цигари Карнилинкс на Адријано Мацоти.

Полицијата не ја третира смртта на познатата шминкерка и бизнисменка, Маја Јанеска како сомнителна, но семејството и пријателите изјвија дека не можат да веруваат дека таа би си го одзела животот. Истовремено, како што се наведува за News24 отворена е истрага, но во оваа фаза, органите на прогонот не пронашле сомнителни околности.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган

МЛАДИТЕ БРИТАНЦИ НЕ ГО САКААТ КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: Само еден член стои полошо од Хари и Меган