МАЛОЛЕТНИЧКА ЗАЕДНО СО УШТЕ НЕКОЛКУМИНА КРАДЕЛА ОД ЖЕЛЕЗНИЦИ: Предадена е на родителите
Објавено во: Македонија 24 Септември, 2022 13:20
Крадци фатени на дело, меѓу нив и 17 годишна малолетничка
Министерството за внатрешни работи соопшти дека се приведени четири лица, меѓу нив и 17 годишна малолетничка, кои биле фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево.
– Денеска околу 2:30 часот од страна на полициски службеници од Полициска станица Гази Баба лишени се од слобода М.М.(24), Б.С.(22), К.К.М.(29), сите од скопско и 17-годишна малолетничка од Скопје. Тие се фатени при вршење на кривично дело „тешка кражба“ од Железници – Трубарево, се вели во соопштението на МВР.
Оттаму информираат дека од страна на инспектори од Одделението за криминалистички работи Гази Баба со ММ., Б.С. и К.К.М. е извршен службен разговор, при што го признале делото, а во консултација со Јавен обвинител за малолетници, а малолетничката е предадена на родителот и ќе биде дополнително повикана на разговор.
Како што информираат од МВР, одземените предмети ќе бидат вратени на сопственикот, а по документирање на случајот против сторителите ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




