Малолетниците кои фрлија молотови врз Музејот на албанската азбука со кривични пријави
Објавено во: Македонија 21 Март, 2017 14:00
Полицијата од Битола поднесе кривични пријави против четворица малолетници кои се осомничени дека фрлиле молотови коктели врз Музејот на албанската азбука во Битола.
Станува збор за лица на возраст од 16 до 17 години, од нив три лица се од Битола и едно лице од Демир Хисар. Кривичните пријави се поднесени заради постоење на основ на сомнение дека извршиле кривично дело „Предизвикување општа опасност“.
Од СВР-Битола информираат дека на 7 март годинава околу 03.00 часот, пријавените извршиле кривично дело „Предизвикување општа опасност“ на начин што пријавените изработиле 4 молотови коктели, односно стаклени шишиња кои ги наполниле со нафта, потоа ги затвориле со тапа и ставиле крпи околу нив кои ги залепиле со селотејп лента, и се упатиле кон Националната установа „Музеј на албанската азбука“ лоциран на „Булевар 1-ви Мај“ број 25, каде дел од нив ги запалиле со цел да го опожарат објектот.
– СВР-Битола презеде низа мерки и активности со цел откривање на сторителите и расчистување на кривично правниот настан. СВР Битола изврши увид и пронајдени се повеќе траги и предмети кои се подигнати и испратени на вештачење, пронајдена е и ДНК и утврдено е соовпаѓање со ДНК профилот на првопријавениот. Покрај тоа обезбедени се и други материјални докази кои укажуваат и оставаат сомнеж дека пријавените малолетни лица се извршители на кривичното дело, истакна Сања Стаматова, портпарол на СВР-Битола.
Од СВР-Битола нагласуваат дека согласно Законот за правда на децата, и со оглед на фактот дека се малолетни, не се споделуваат нивните лични податоци со јавноста.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




