05 Декември, 2025
0.4753

Мамка за Иванов: Потпиши го Законот па носи го на Уставен

Објавено во: Анализа 16 Март, 2018 08:24

Добивај вести на Viber

Се повеќе се зголемуваат повиците кон претседателот Иванов да не предизвикува поголема уставна, правна и политичка криза со тоа што нема да го потпишува указот за повторно изгласаниот Закон за употреба на јазиците кој веќе еднаш го врати со сузпензивното вето. 

Сега, кон претседателот Иванов се врши притисок да го почитува Уставот и законот, како и поставениот рок според Законот за Собрание со кој има 7 дена од изгласување на законското решение од пратениците да го потпише указот по што Законот за јазиците ќе биде објавен во службен весник и ќе може да се применува.

Премиерот Заев му порача на Иванов дека никој не е над Уставот и затоа мора да си ја исполни својата должност како претседател. Секако, во минатото се имале и преседани со кои претседателите на Република Македонија примениле и апсолутно вето, но под други уставни одредби и ингеренции кои потоа беа одземени, особено кога претседател беше Бранко Црвенковски поради лошата кохабитација со владата на Никола Груевски.

Главната порака кон Иванов во што и лежи мамката е тој да го потпише Законот за употреба на јазиците, а потоа кога ќе се официјализира ќе може да се поднесе претставка пред Уставниот суд за оценување на неговата содржина дали е во согласност со Уставот на РМ, како и да се прати на оценка кај Венецијанската комисија.

Ова е веќе конфузна порака бидејќи одредени членови кои не влегоа во законското решение како на пример двојазичните униформи на АРМ се испратени до Венецијанската комисија, но не и униформите на полицијата, противпожарната, здравството и така натаму. 

Исто така може да се поднесе и претставка до Уставен за самата процедура со која беше донесен Законот, односно со одбивање на амандманската расправа предложена од опозицијата. Гласањето беше наметнато насила без поширока политичка волја во Собранието на РМ иако доби најверојатно и над 64 гласови.

Иванов јасно кажа дека нема намера да потпишува ваков штетен закон кога ниту Собранието не ги разгледало неговите точно наведени забелешки поради кои тој и стави вето по првичното гласања, како и за повредување на Деловникот од страна на собранискиот спикер Талат Џафери.

За последиците врз претседателот Иванов веќе пишувавме вчера, а тие можат да бидат правни, како и политички, односно да му биде извршен зголемен притисок или да го потпише законот, да одговара за кршење на уставот или да си поднесе оставка што секако ќе предизвика уште една голема политичка криза во Македонија.

Автор: Христијан Станоевиќ 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?