МАН со целосна поддршка на „Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк
Објавено во: Македонија 23 Април, 2022 16:22
Македонската асоцијација на новинари (МАН) му дава целосна поддршка на здружението на електронски медиуми “Медиум Објектив“ во одлуката да започнат со штрајк преку прекин на програмата.
- На лошата економска состојба во локалните и регионалните медиуми, МАН
предупредува со години. Ние уште пред 2020 година предложивме решение преку
буџетско субвенционирање на надоместокот за дозвола (лиценца) за работа, како и
дефинирање механизми за реализирање кампањи од исклучителен јавен интерес, а тоа
значи и соодветна измена на член 102 од Законот за Законот за аудио-визуелни услуги.
- За ова сме разговарале повеќепати со преставници на претходните влади. Се даваат над
7 милиони евра за НВО од буџетот на РМ, а не се обезбедуваат субвениции за медиумите
кои остваруваат дејност од јавен интерес за сите граѓани.
Владата финансира несуштински дејности, наместо да обезбеди законска рамноправност
за сите медиуми.
Мора да дефинираат механизми за кампањи од јавен интерес, бидејќи Македонија е
единствената земја во Европа која со закон ги забранува.
МАН ќе продолжи да ги поддржува локалните и регионалните медиуми борејќи се за
регулирање на нивниот статус и и финансиска независност пред надлежните институции, се вели во соопштението на МАН.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




