Манчевски: Иванов се обидува да ги суспендира демократските процеси за да го спаси Груевски
Објавено во: Македонија 25 Март, 2017 15:10
Претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов, се обидува да ги суспендира демократските процеси и волјата на околу 700.000 граѓани само за да го спаси Никола Груевски од одговорност, изјави потпретседателот на СДСМ и пратеник, Дамјан Манчевски, кој учествува на Регионалниот Форум за Лидерство - Интегритет на политичките партии во Сараево, Босна и Херцеговина.
Според него, за да постои интегритет на политичките партии потребно е пред сѐ, тие да бидат водени од политичари со интегритет.
„Она што ѝ се случува на Македонија во моментов како политичка криза е резултат на тој недостиг од интегритет. Пример е вршителот на должноста претседател на државата, Ѓорѓе Иванов, кој се обидува да ги суспендира демократските процеси и волјата на околу 700.000 граѓани само за да го спаси Никола Груевски од одговорност. Или друг пример е Никола Груевски кој за свои интереси сака да ја продлабочи политичката криза. Но нема да дозволиме да ги блокираат демократските процеси и да ја загрозат индината на граѓаните и на државата. Демократските процеси мора да продолжат, Македонија мора да оди напред и волјата на граѓаните мора да се испочитува до крај. Ќе се формира новата реформска Влада“ - рече Манчевски.
На форумот во Сараево главни теми на коишто се разговара се предизвиците со коишто се соочуваат партиите како што транспарентноста, менаџерињаето со човечки ресурси и кампањи.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




