20 Декември, 2025
0.1497

Манчевски: Ако го дофатеа Села, го удираа со боксови ако не, со што ќе стигнат

Објавено во: Македонија 10 Април, 2018 21:36

Добивај вести на Viber

Министерот за информатичко општество, Дамјан Манчевски во своето сведочење денеска пред судот препозна двајца обвинети кои го удирале пратеникот Зијадин Села, а за останатите вели дека биле на  различни страни во собраниската прес-сала на 27 април лани. 

Манчевски пред судот рече дека кога некој извикал дека Села е мртов, дел од присутните почнале да слават.

„Врзуваа кабли околу вратот за да ни испратат порака дека ќе ни се случи истото. Не се сеќавам на активностите врз Села, но се сеќавам на тоа дека дел од присутните овде ме удираа мене“- рече Манчевски.

Тој пред судот појасни дека биле предмет на напади и закани на агресивната толпа. Толпата удирала со тупаници, и Манчевски завршил со скршен нос.

„Удираа со што ќе стигнат, со раце, столици, камери, монитори и тоа траеше околу два и пол часа. Ако го дофатеа Села, го удираа со боксови ако не, со што ќе стигнат"- сведочеше Манчевски.

Манчевски рече дека го видел Села повреден и со крв,а  слушнал закани за Заев и за Села.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки