20 Декември, 2025
0.0653

Манчевски: Вие вработувавте за потребата на партијата

Објавено во: Македонија 11 Април, 2018 22:17

Добивај вести на Viber

На денешната седница на Собранието на Република Македонија со единствена точка на дневен прашање за доверба на Владата на РМ, Министерот за информатичко општество и адинистрација,  Дамјан Манчески реплицираше на обвинувањата на пратениците на опозицијата за партизација на администрацијата и потенцираше на „крупната  разлика меѓу односот со администрацијата сега и порано“.

Манчевски, илустрирајќи ја затекнатата состојба во администрацијата, укажа на фактот дека во Министерството за информатичко општество и администрацијаод 9 сектори само еден имал раководител на сектор,и како што дополни тој, никој немал објаснување за таквата систематизација, освен фактичката  ситуација дека на тој начин била блокирано функционалното извршување на програмските обврски.

„Вие вработувавте за потребата на партијата. Затоа имаме случаи на несоодветни кадри на конкретни работни места. Денес се вработува со оглас согласно потребата на инситуциите“ рече министерот Манчевски.

Тој, во продолжение на својата реплика на настапите на пратениците на опозицијата го истакна усвојувањето на Стратегијата за реформа во јавната администрација со акциски план запериодот 2018-2022.

„Во подготовката на стратегијата имавме широка дебата, беа присутни сите, ве немаше само вас, опозицијата. Беа присутни двата синдикати, невладини организации, граѓани. Вие носевте закони преку ноќ за кои граѓаните дознаваа отпосле. Сега се консултираме со сите, па дури и со вас“, истакна Манчевски.

Илустрирајќи ги разликите во односот со администрацијата во државата, министерот за информатичко општество и администрација нагласи дека луѓето веќе не чувствуваат притисоци и присила.

Во завршницата на своето излагање Манчевски, потсети и на решението за околу 1600 вработени кои досега беа без работни активности, а земаа плата, и со кои сега се постигнаа договори да бидат ангажирани на реални работни места.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки