МАНЕ ЈАКОВЛЕВСКИ ЗА ФАКТОР 24: Албанскиот премиер Еди Рама во доцните вечерни часови го премисли Али Ахмети
Објавено во: Македонија 01 Февруари, 2017 16:10
Албанскиот премиер Еди Рама изврши решителен притисок врз ДУИ и Али Ахмети да не прифати коалиција со ВМРО ДПМНЕ. Согласност за нова Влада ДУИ-ВМРО ДПМНЕ беше постигната, но според мои извори од Мала Речица Ахмети бил принуден да откаже од новиот договор со Никола Груевски. Ова за Фактор 24, заедничкиот телевизиски проект на вебпорталот Фактор и ТВ24 го изјави Мане Јаковлевски.
Јаковлевски кој е еден од основачите на ВМРО ДПМНЕ во интервју за Фактор 24 што вечерва ќе се емитува на ТВ24, вели дека ВМРО ДПМНЕ не смее да прифати широка коалиција, на која очигледно инсистира меѓународната заедница.
Според негово мислење лидерот на партијата е одличен политичар, добро ја водел Владата и државата и покажал дека има победнички дух.
Во интервјуто Мане Јаковлевски говори и за разликите и разделбите со неговиот брат Гојко Јаковлевски, двајцата влијателни Македонци во миграција и Задграничниот комитет на ВМРО што ја донесоа одлуката за формирање на партија во Македонија.
Интервјуто со Мане Јаковлевски го водевме во палатата на ВМРО ДПМНЕ. Неговата работна просторија е на вториот кат што партијата го определи за партиските ветерани.
Седиштето на владејачката партија е под исклучително обезбедување како при влезот така и при проследувањето на телевизиската екипа до кабинетот на Јаковлевски.
Во седиштето имаше исклучителна фрекфенција на партиски кадри, а екс министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески кога не забележа се поврати. По завршувањето на ТВ интервјуто го регистиравме и гласот на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски, а пред бифето кое е пространо и е во барок-стил беа поставени партиските бодигарди.
Интервјуто со Мане Јаковлевски, кој е жесток критичар на СДСМ и борец против комунистичкото владеење пред самостојноста, го водеше уредникот и водител на Фактор 24 Горазд Чомовски.
Политичко – економскиот магазин можете да го гледате вечерва на ТВ24 во 22.30 часот. Покрај разговорот со Мане Јаковлевски и ќе можете да го проследите и краткото интревју со Африм Гаши, еден од основачите на движењето БЕСА како и звездата на европските оперски сцени, Игор Дурловски.
Можеби ќе ве интересира
Притвор за ексдиректорот на Управата за матични книги и уште шест други лица
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан




