MANGO лансира нова еко-модна линија
Објавено во: Мои пари 02 Март, 2017 14:52
Минатата година MANGO го лансираше проектот Take Action кој вклучува низа активности насочени кон креирањето на бизнис модел врз основа на самоодржливи критериуми и поеколошки процеси.
Компанијата моментално развива план кој ќе вклучува идни иницијативи во оваа сфера. Една од нив е MANGO Committed, женска и машка колекција чии парчиња се произведени од одржливи еко-материјали. Токму оваа капсулна колекција ја претставува кампањата за март, а во неа се вклучени моделите Ракел Цимерман и Матијас Лоридсен фотографирани од Џош Олинс. Локацијата која е одбрана за сликање на кампањата е ремек-делото на органска архитектура – Maison Gudet од Анти Ловаг, место каде што дизајнот и природата се спојуваат во едно.

Линијата содржи 25 женски парчиња во минималистички стил, иновативни форми и различни волумени. Материјалите кои се користат во колекцијата се еко-пријателски: органски и рециклиран памук, рециклиран полиестер и Tencel ® и истите се обоени во еколошки бои во неутрални нијанси. Сите парчиња имаат интернационални сертификати кои го гарантираат потеклото на одржливо производство од фабриките во Португалија, Мароко и Турција.

MANGO ги адаптира секојдневните активности на поеколошки начин и се стреми кон самоодржливо развивање во сите области во кои делува, па оттаму во последните години се креираше иницијатива која прерасна во проектот Take Action. Моментално 44% од останатите колекции на брендот вклучуваат природни влакна, а компанијата креираше и интерна алатка која ќе ја калкулира водата која се користи во процесот на производство на парчињата и инсталацијата, со цел да ја намали потрошувачката на вода.

MANGO Committed капсулната линија ќе биде достапна во продавниците во ГТЦ и Скопје Сити Мол во текот на месец март.

Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




