05 Декември, 2024
0.0258

МАНИПУЛАЦИИ СО ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ: Кој ќе одговара што со месеци не влечат за нос?!

Објавено во: Агробизнис 25 Април, 2017

Добивај вести на Viber

Изборниот законик е кочница за исплата на субвенциите за земјоделство- оваа го признаа и министерот за финансии Кирил Миноски и министерот за земјоделство Михаил Цветков.

За земјоделците ваквото признание на министрите е доказ дека надлежните во изминативе месеци постојано манипулираат со земјоделците. Поголемиот дел од земјоделските здруженија  денеска во знак на револт ќе бокираат неколку патни правци во земјава а протест ќе има и пред Министерството за земјоделство.

„Соопштението од министерството за финансии дека пречка за исплатата на субвенциите е Изборникот законик е доказ дека цело време овие измниати месеци само маниипулирале со нас земјоделците. Но нејасно зошто тогаш бараа мислење од Антикорупциската комисија и кога таа даде позитивно мислење продолжија да не уверуваат дека ќе има исплата, а ние пари сеуште не видовме. Од протестите ќе побараме итна средба до петок со министерот Миноски и итна исплата на субвенциите, оти роковите за новата производствена сезона се пробиени, а ние сме без пари“, вели Ристо Велков претседател на Сојузот на земјоделски синдикати.  

Министерот Миноски по неколкунеделен молк вчера преку соопштение посочи дека субвенциите не може да се исплаќаат поради Изборниот законик. Но не одговори дали ќе прифати средба со земјоделците за лично да им соопшти што е проблемот.

„Главна пречка за исплатата на субвенциите се одредбите од Изборниот законик. На земјоделците од 2006 до 2016 година им се исплатени милијарда и 55 милиони евра субвенции, пред тоа тие воопшто не добиваа субвенции.Секогаш кога има можност Министерството за Финансии им излегува во пресрет на земјоделците“, стои во соопштението. 

Министерот за земјоделство Михаил Цветков изјави дека причината за блокираната исплата е поради спротиставеноста на Законот за земјоделство според кој исплатата треба да  заврши до крајот на јуни наспрти Изборниот законик според кој пак се до формирање на нова Влада која сеуште не е формирана не смеат да се вршат исплати на субвенции. Цветков тврди дека парите не се проблем, уверува дека дека ќе се решение но не може да лицитира со рокови кога ќе почне исплатата. Проблемот како што изјави Цветков е во финансии.

„Кога ќе се надмине таа кохезија меѓу законите и кога ќе расчистиме со законот, после тоа ќе започне исплатата на субвенциите. Доколку зависеше од министерството за земјоделие ќе ви кажев кога, вака не можам ништо да ви кажам точно, пршајте го министерот за финансии. Но јас сум уверен дека ќе се најде решение“, изјави Цветков, кој најави дека ќе побара средба со министерот Миноски.

Наспроти ставот на министерот  Миноски дека субвенциите не можат да се исплатат поради Изборниот законик,  минатата недела директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој Изгор Златков, во интервју за теевизија 24 изјави дека исплатата на субвенциите ќе почне од овој понеделник.

„Јас секојдневно потпишувам налози и ги праќам во трезор, тука завршува мојата работа. Според информациите што ги имам исплатата ќе почне од понеделник, сигурно не потпишувам за да трошам хартија.Во тие разговори што ги имам со некои релевантни личности така ми кажаа, така пренесувам на земјоделците“, изјави Златков минатата недела. 

Исплатата на субвенциите е блокирана речиси седум месеци поради Изборниот законик. А повеќе од еден месец секојдневно надлежните лицитираа со рокови кога земјоделците ќе добијат пари на сметка. Во изминативе месеци како образложение за закочента исплата прво се посочи Изборниот законик, па се побара мислење од Антикоруциската комисија. Откако комисијата даде позитивно мислење дека нема законска пречка за исплата, следуваше ново образложение од надлежните за исплатата. Се случија директорски смени во Платежната агенција па немаше кој да ги потпише налозите за исплата и да ги прати во трезор. Но и се најде и директор, а пари земјоделците не добија. Директорот Златков потпишува налзи, ги праќа во трезор,  но налозите заглавија во финансии. Одговорните службеници во финансии и покрај позитивното мислење од антикорупциска, се двоумеле дали да стават потпис на налозите поради страв од одговорност односно прекршување на Изборниот законик. Сега проблемот повторно се врати кај одредбите од Изборниот законик, според кои се додека не се формира нова Влада не може да се исплаќаат субвенциите. 

Т.С


* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.