МАПА ПОКАЖУВА КАКО СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА ДА ГИ ИЗНЕРВИРАТЕ БАЛКАНЦИТЕ: Еве што ги боли Македонците
Објавено во: Македонија, Балкан 01 Февруари, 2024
Мапа на Твитер покажа како се провоцира Балканот со една реченица: коментираше дури и Илон Маск
На Твитер се појави интересна карта на Европа, која на хумористичен начин покажува кои реченици најбрзо ќе ги испровоцираат поединечни нации.
Дури и Илон Маск ја коментираше публикацијата, кој смета дека авторите не направиле голема грешка.
Некои би рекле дека не е тешко да се изнервираат Балканците, но еве што вели мапата кои реченици веднаш би ги исфрлиле од такт.
Доволно би било за Македонците да кажете дека се „измислени во 91 година“, а за Србија се наведува дека реченицата „Тесла е Хрват или Американец“ би предизвикала жестока дебата.
Босанците најмногу би биле испровоцирани доколку ги наречете „турски Срби“, додека да ги наречете „Срби католици“ е навреда за Хрватите.
Од непознати причини Црногорците не се прикажани на картата.
Кога станува збор за медитеранските земји, „неуспешна економија“ се однесува на Грците, „тестенини со кечап и сепаратизам“ на Италија, а за Шпанците би било провокација да им кажат дека се „гласни и вредни“.
Мапата може да ја погледнете тука.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.