06 Декември, 2025
0.0289

МАПАС на Интердисциплинарната студентска конференција во Охрид: Знаењето е најдобра инвестиција

Објавено во: Мои пари 28 Октомври, 2025 16:20

Добивај вести на Viber

Во рамки на втората Интердисциплинарна студентска конференција што се одржа во Охрид, Агенцијата за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС, заедно со претставници од пензиските друштва КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, активно учествуваше во програмата на настанот со цел да ги поттикне младите на размислување за сопствената социјална и економска сигурност.

Преку интерактивни презентации и дискусии, учесниците имаа можност да се запознаат со темите поврзани со пензискиот систем, значењето на долгорочното планирање и улогата на секој граѓанин во одржливоста на социјалната заштита. Целта беше да се подигне свеста кај студентите за важноста од рано информирање, вклучување и преземање одговорност во процесите што ја гарантираат сигурноста во иднината.

Работилницата ја отвори главната советничка на претседателот на Советот на експери на МАПАС, Марија Поповска, со презентација на тема „Од студент до осигурен граѓанин – зошто е важно да бидеш дел од системот на социјална заштита“.

Таа зборуваше за социјалната заштита како темел на стабилно и правично општество и потенцираше дека секој млад човек, преку својата информираност и одговорност, придонесува кон создавање поодржлив систем. Поповска ја нагласи улогата на пензиското осигурување како клучен дел од личната и општествената стабилност, истакнувајќи дека младите кои навремено се запознаваат со овие механизми, го поставуваат својот пат кон финансиска зрелост и независност.

Посебен интерес меѓу студентите предизвикаа практичните аспекти на капитално финансираното пензиско и здравственото осигурување, особено во контекст на првото вработување и правата што произлегуваат од него. Во рамки на отворената дискусија, студентите поставуваа бројни прашања и споделуваа размислувања за начини на вклучување во системот на осигурување, потврдувајќи дека младата генерација е подготвена да размислува долгорочно и одговорно.

Во вториот дел од конференцијата се обрати Маријан Николовски, член на Управниот одбор на Триглав пензиско друштво АД Скопје и претседател на новоформираната Асоцијација на пензиски друштва во Северна Македонија.

Тој, во име на трите пензиски друштва и МАПАС, упати силна порака дека финансиската едукација не треба да се одложува – таа започнува денес, со секој информиран избор што го прават младите луѓе. Николовски истакна дека поддршката која пензиските друштва ја даваат на студентските иницијативи ќе продолжи и во иднина, со цел да се создадат нови можности за практична работа, стажирање и професионален развој во финансискиот сектор.

Румен Крепиев од КБ Прво пензиско друштво АД Скопје зборуваше за важноста на раното започнување со инвестирање и придобивките што произлегуваат од континуираното вложување. Тој го нагласи ефектот на вкаматување како еден од клучните механизми за долгорочен раст и финансиска стабилност, истакнувајќи дека навиката за редовно инвестирање не само што овозможува поголема сигурност во иднина, туку и развива здрави финансиски навики уште од најмлади години.

Зоран Габеданов од Сава пензиско друштво а.д. Скопје ги запозна студентите со начинот на функционирање на македонскиот пензиски систем, при што посебно се задржа на значењето на вториот и третиот столб како суштински елементи на современите пензиски модели. Тој ги охрабри младите да донесуваат информирани одлуки уште при своето прво вработување, нагласувајќи дека разбирањето на системот од самиот почеток е предуслов за безбедна и стабилна иднина.

Присуството на МАПАС и пензиските друштва на оваа конференција претставува значаен чекор во насока на унапредување на финансиската и социјалната писменост меѓу младите. Преку ваквите едукативни активности се гради генерација што е подготвена да го преземе својот дел од одговорноста во создавањето на стабилна, сигурна и одржлива иднина.

Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување – МАПАС

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј