Маричиќ: Пописот до 20.00 часот
Објавено во: Македонија 30 Септември, 2021
До вчера 1.760.194 лица се запишани во статистичката операција попис . Пописот опфатил и 546.080 домаќинства и 789.406 станови.
Во однос на дијаспората, правото на самопопишување го искористиле 201.247 граѓани. Денеска завршува пописот а според надлежните негово продолжување засега нема да има.
Уверување дека пописот ќе заврши во законски рок искажа и првиот човек на ДЗС Апостол Симовски кој посочи дека последниот збор ќе го има Државниот завод за статистика.