Марин ја стопираше изградбата на бетонскиот џин кај „Мајчин дом“
Објавено во: Македонија 10 Октомври, 2018 14:06
Градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин, рече дека е издадено решение за стопирање на градбата на зградата кај Мајчин дом, поради неправилности констатирани од инспектор. Како што рече тој, забраната ќе трае 15 дена.
Тој рече дека за петок е закажана вонредна седница на која треба да се најде заедничко решение за овој проблем. Забраната е донесена поради неправилности на градилиштето и трае 15 дена, но доколку не се отстранат неправилностите ќе биде продолжена.
Исто така, Марин рече дека го поддржува протестот на граѓаните против изградбата на висококатница на ова место.
- Граѓаните се во право. Целосно ја поддржувам нивната борба и сум на нивна страна. – рече Марин.
Тој додаде дека имал средба со инвестирото и го информирал за забраната. Сега, додаде градоначалникот, треба да најдеме решение низ дискусија со сите засегнати страни за трајно да се заштити плацот пред “Мајчин дом”.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




