Марин: Претходното раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без дебата
Објавено во: Македонија 09 Октомври, 2018 15:20
Градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, денеска на прес -конференција изјави дека ситуацијата со парцелата пред Мајчин дом е затекната и наследена.
Ова го кажа пред најавениот протест на граѓани кои ќе се соберат пред парцелата денеска во 17 часот.
Марин вели дека се обиделе на сите начини да ја сменат, но не успеале.
Градоначалникот изјави дека ги поддржува граѓаните да излезат на протест и дека е на нивна страна.
Вели дека неговиот став за ова прашање е непроменет.
„Зграда пред Мајчин дом не треба да има. Фактите се дека претходното раководство на Општината предводено од ВМРО-ДПМНЕ го донесе овој ДУП без најава и без дебата. Ние направивме ревизија, а пред Уставниот суд се доставени 13 претставки по однос на ДУП-оти. Аеродром до судот ги достави и сите потребни документи, но до денеска нема одлука, Уставен суд ниту го стави ДУП-от во мирување, ниту го поништи“ – изјави тој.
Според него, планот со кој се предвидува изградба на зграда со девет ката пред Мајчин дом е донесен во април минатата година од претходната власт. Градежната дозвола е издадена во октомври, а правосилноста е добиена вчера.
На приземјето е предвидено да има деловен простор, а останатите осум ката да бидат за станбено домување.
Вели дека размена на земјиште не може да се направи затоа што инвеститорот бара огромна сума на пари, што би ја блокирало Општината следните четири години. Парцелата, рече тој, е купена за 2.700.000 евра, а за да се откаже од градбата инвеститорот во неврзани разговори бара над 8.000.000 евра.
„Знаев дека ќе дојде до ваква реакција кај жителите на Аеродром. Затоа вечерва повикувам претставници од протестот да дојдат кај мене во Општината да разговараме и да се разбереме подобро“ – рече тој.
Како што рече градоначалникот мораториум за градежни активности на територијата на Општината не е решение, затоа што тоа не постои како опција во законот. Ги посоветува новинарите да го прашаат градоначалникот на Центар како донел мораториум на градбите во неговата општина, иако тоа не постои во законите.
Марин додаде дека не може ни да се избрише маркичката од ДУП-от затоа што со правилник донесен во 2015 година од претходниот министер за транспорт, Владо Мисајловски.
Фото: Фејсбук фан пејџ Златко Марин
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Надминат прагот на загадување во повеќе општини, издадени се препораки
ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа
(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување
Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име
Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор
Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него
ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието
ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти
Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки




