Марјан Ристески убеден: Законот за нефер трговски практики започнува од 28 септември, следуваат пониски цени
Објавено во: Економија 05 Септември, 2024
Заменик-министерот за економија Марјан Ристески по средбата со прилепските бизнисмени соопшти дека Законот за нефер трговски практики на прехранбени и земјоделски производи ќе донесе пониски цени за потрошувачите.
За околу 2.500-тини типови на производи во маркетите ќе биде ограничен рабатот на најмногу 10 отсто во односот помеѓу добавувачите и трговците. Поранешниот градоначалник на Прилеп е категоричен дека законот стапува на сила на 28 септември.
На стопанствениците, кои изминатиот период со недоверба гледаа на ова законско решение и тврдеа дека нема да има време да се имплементира, Ристески им порача дека рокот за тоа бил шест месеци. Сомнеж дека ќе се имплементира овој, барем на хартија, круцијален пропис против инфлацијата, изразија и некои политичари од опозицијата, иако тој беше изгласан и предложен кога тие беа на власт.
„На седницата организирана од Управниот одбор на Регионалната Стопанската комора - Прилеп на која присуствуваа поголем број бизнисмени од прилепскиот регион, вклучително и претставници и фирми од Регионалната стопанска комора - Битола,заедно со министерот Бесар Дурмиши разговаравме за актуелните состојби во стопанството на локално, регионално и на национално ниво.
На Седницата пред присутните го презентиравме новиот Закон за нефер трговски практики за прехрамбени и земјоделски производи, каде главен новитет е попрецизното дефинирање на сите односи помеѓу добавувачите и произведителите со трговците, каде во однос на рабатот и другите ставки при креирањето на цените, истите не смеат да бидат повисоки од 10 отсто при склучувањето на нивните договори.
Со овој закон се става крај на нефер односот на неодговорни поединци, каде овој процент често беше над 35 %, а неговата имплементација се надеваме ќе даде резултат со фер пазарна цена (пониска цена) на производите за крајните потрошувачи-граѓаните!!!
Законот е донесен во месец Март, во консултација со работодавачите, стопанските комори и здруженија кои се занимаваат со производство на храна и е работен според европска директива донесена во ЕУ во 2019-та година.
Со законот, кој стапува во сила од 28 септември, опфатени се 2540 земјоделски прехрамбени продукти“, порачаРистески.
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека може да се одложи примената на Законот за забрана на нефер трговски практики за неколку недели доколку има објективни пречки и причини. Според Мицкоски, важно е примената да биде како што треба.
- Доколку постојат објективни пречки или причини да треба да се се одложи за некоја недела не е тоа голем проблем, ќе ја донесеме одлуката да се одложи за некоја недела само да биде имплементирано како што треба. Ова е закон донесен од претходната Влада. Ако објективно неможе да се примени нема со сила нешто да правиме, ако навистина нема можности така ќе постапиме, изјави денеска Мицкоски, на новинарско прашање за писмото што му го упатил претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески дека е краток периодот за прилагодување кон новото законско решение.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.