06 Декември, 2025
0.1006

Марк Закерберг има 74 милијарди долари-еве колку чинат неговите куќи, автомобили и патувања

Објавено во: Финансии 24 Октомври, 2017 19:35

Добивај вести на Viber

33-годишниот основач на Фејсбук, Марк Закерберг, е петтиот најбогат човек на светот со богатство од 74 милијарди долари. За разлика од другите богати луѓе, сепак, тој не потпаѓа на непотребен начин на живот. Дури и носи еднотипна облека (фармерки и маици), бидејќи вели дека така го заштедува своето време наутро во изборот на облека.

Сепак, постои една работа, за која Закерберг не штеди пари - имотот. Во мај 2011 година, тој купил огромен имот во Пало Алто за 7 милиони долари. Од тогаш, направил голем број подобрувања, вклучувајќи и создавање виртуелен асистент за дома. Претприемачот, исто така, ги купи и имотите во непосредна близина на него, со цел да обезбеди уште поголем мир.

Закерберг и неговата сопруга Прискила Чан, исто така, имаат куќа во Сан Франциско. Тие не знаат по која цена ја купиле, но потрошиле најмалку еден милион долари за поправки и дополнувања (како што е стаклена градина), пишува Business Insider.

Во 2014 година, двојката додаде во својата сопственост два имоти на Хаваи - плантажа и плажа, и двете се многу големи. За таа цел беа потрошени 100 милиони долари.

Вистината, сепак, е дека Закерберг не троши многу за други работи. Автомобилите очигледно не му страст - Забележуван е во Acura TSX, Volkswagen и Honda Fit, а и трите модели се на цена под 30 000 долари.

Младиот милијардер не патува често за задоволство, а кога тој го прави тоа е на трошоците на Фејсбук. Во 2015 година, на пример, тие изнесуваа 5 милиони долари, вклучувајќи и безбедност.

Чест му прави на Закерберг тоа што дава многу средства во добротворни цели. Заедно со сопругата управува со The Chan Zuckerberg Initiative која си постави амбициозна цел да најде лекови за сите болести.

Закерберг многупати истакнуваше дека планира во наредните години да продаде акции во вредност од околу 12 милијарди долари, кои ќе користи за добротворни цели, а до крајот на својот живот да го стори истото со 99% од состојбата.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Миноски: Инфлацијата ја прави прекумерната владина потрошувачка, а не потрошувачите

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

Се продолжува работниот век! Германија ја усвои реформата на пензискиот систем, Франција ја блокираше постапката

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„КОЛКУ ПАПАЈА МОЖЕ ДА КУПИ ВЛАДАТА ОД НОВА ГОДИНА ДО БОЖИЌ КОРИСТЕЈЌИ ГИ САМО ТИЕ ПРИХОДИ?“ Анализа на потрошувачката на гориво по пробниот старт на „Сејф сити“

„ЧЕКАМ ОДЛУКА И МОЛАМ БОГА ДА ПОМИНАМ СО КАЗНА, ДА НЕ МЕ ВРАТАТ НАЗАД“: Балканец во Германија за 50 евра - косење трева на црно, бил пријавен од човекот каде што работел, сам го викнал па го пријавил!

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

ИМА ЛИ КАНДИДАТ КОЈ БИ ПРАВЕЛ ЕКОНОМСКИ ПРЕСМЕТКИ ЗА ФИСКАЛНИОТ СОВЕТ – платата е вртоглава, а работното време вообичаено

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

„Од почетокот на годинава наплативме приходи од 1,95 милијарди евра“: Николовски објави дека бележат раст во сите сектори

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

РОДИМЕ МАЈКО СО КСМЕТ И ВРАБОТИМЕ ВО АГЕНЦИЈА – „регулираат“ железнички сектор и имаат вртоглави плати

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција

Експерт од Microsoft се сели во Apple – Ова е новиот раководител на вештачката интелигенција