Добивај вести на Viber
„Не можете да избегате од инерцијата и тоа е главната причина поради која инвеститорите држат обврзници и кеш наместо акции“, коментира Марк Мобиус извршниот директор на „Templeton Emerging Markets Group“ во интервју за CNBC.
Неодамна, додека гледав во своето инвестициско портфолио (за кое тој никогаш немал доволно време, бидејќи бил зафатен со управување на странски пари) Мобиус открива- „Една третина од средствата ми се во кеш. Што мислам дека правам? "
Како и многу други инвеститори тој си го поставил ова прашање и заклучил дека е дојдено време за купување повеќе акции.
„Ова е инерцијата, за која зборуваме, но јас мислам дека работите се на пат да се менуваат", коментира инвеститорот, додавајќи дека тогаш се јавил на својот банкар и му порачал да купи уште акции, бидејќи како што вели, било лудо човек да држи толку многу кеш.
Мобиус истакнува дека од сопственото искуство сватил дека се јавува еден поширок тренд на „будење" меѓу инвеститорите дека акциите се единствениот начин на кој тие можат да добијат вистинска вредност за своите пари.
„Потребно е време. Инвеститорите не се многу пргави. Меѓутоа кога ќе го почуствуваат трендот, ќе станеме сведоци на невиден пазар досега. Тоа веќе се случува во САД, но според мене ова е само почеток ", вели Марк Мобиус.