20 Мај, 2024
0.0256

Маркетинг психологија: Триковите на ИКЕА!

Објавено во: Мои пари 14 Декември, 2012

Добивај вести на Viber

Тешко дека некој досега ја напуштил ИКЕА со празна количка. Со итрите маркетинг трикови, најголемата компанија за мебел во светот го прави шопингот забавен и пријатен. Меѓутоа дури и работите кои делуваат наивно, се точно пресмети. „FOCUS Online“ ги издава триковите на Швеѓаните. Империјата ИКЕА продолжува да се развива. Денес синџирот има 330 филијали, кои се протегаат на трговска површина од 9.5 километри квадратни. Тоа е речиси пет пати колку површината на Монако. Но, тоа воопшто не е крајот. „Предходно отворавме помеѓу пет и дванаесет нови продавницата годишно, за во иднина планираме пак да отвораме од 20 до 30 нови продавници годишно. Само во Кина барем тројно ќе го зголемиме бројот на гилијалите“, вели извршниот директор на ИКЕА, Микаел Олсон. Во продолжение, ева како дел од стратегиите на ИКЕА, кои се чини даваат резултати. 1.Трик со патот Нема директен и скратен пат од различните сали со многу производи до касата. Постојат продавници во кои клиентите се принудени на да направат и до 84 круга низ халите за да стигнат до каса. Идејата е на патот кон нивната цел, клиентите да видат многу различни производи, од  кои дела секако ќе ги стават во кошничката. „Тука нема дури ниту еден квадратен сантиметар, кој не е пресметан до совршенство", тврди еден поранешен менаџер на ИКЕА, Вим Најцерт. 2.Трик со промоциите Многу е веројатно дека  ќе ја видите првата промоција на ИКЕА, уште пред да стигнете до самиот салон. BTI - "breath taking items" (производи што го одземаат здивот) - така се нарекуваат ваквите промоции на  ИКЕА. Тие се наменети да ги направат луѓето расположен за шопинг и за трошење пари. 3. Трик со торбата Клиентот може да си земе нова жолта или сина торба на целиот пат низ  продавницата. Така, освен што се олеснува транспортот до касата, тој веројатно ќе земе и многу повеќе производи отколку што реално планирал да купи. 4.Трик со ресторанот Ресторанот не е само важен извор на приходи за ИКЕА - тој инаку продава по 480 милиони порции годишно. Во рестораните клиентите можат да се опуштат и да разговараат за купувања и потоа да продолжат да купуваат освежен и со нови сили. Тоа што ИКЕА има одличен ресторан исто така не е случајно совпаѓање: посетителите на ИКЕА не треба да си заминуваат уморни и исцрпени од продавницата. Тие можат да каснат барем по еден вкусен хот дог пред да тргнат кон дома, задоволни од евтиното купување и со позитивни спомени. 5.Трик со наместените соби Во продавниците се презентира не само мебел, туку и целосно опремени соби, за да можат клиентите да знаат која ламба со кои перници и ќебиња си оди. „Дури и клиентот не сака да си купи нов тросед, тој сепак би го зел комплетот од перници, ќебе и ламба. Презентираните соби намерно изгледаат доволно реални, а не вештачки. Вработените на ИКЕА ги посетуваат и домовите на клиенти и бараат проблеми за кои во иднина треба да се најде решение ", вели Најцерт. Тие дури одржуваат и професионални средби таму, бидејќи сакаат да видат како изгледа реалниот семеен живот во денешно време. „Само така можеме да го постигнеме ефектот, во кој клиентот кога ја посетува продавница си вели - Тие ме разбираат, појаснува маркетинг менаџерката на ИКЕА Клаудија Вилфонзедер. 6.Трик со имињата Секој производ во ИКЕА си има свое име. Тоа исто така не е без причина. Името има за цел да го направи мебелот - полици, маси, шкафови - посимпатичен. Поранешниот менаџер на ИКЕА Најцерт раскажува дека во продавница, во која тој бил менаџер на некои од вработените им се чинело глупаво мебелот да носат имиња. За да им докаже дека тоа има големо значење при продажбата, тој го променил името на една маса во "Сталинград". Резултатот бил 20 % проценти помалку продажба!  ИКЕА гради лондонски кварт Иако во долгорочниот план за развој на компанијата и отворањето на нови продавници, ИКЕА не ја гледа својата иднина само во бизнисот со кревети, каучи и чаши. Тие  подготвуваат изградба на населба во Лондон со големина од десет хектари. До 2020 година треба да бидат изградени 1200 станови. Компанијата потоа ќе заработува и од продажбата на становите или давање под наем.

Можеби ќе ве интересира

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

Промоција на „Шарени ириси“ – новата хибридна инклузивна сликовница во издание на „Арс Ламина“

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

ЖИМ Коскоска се врати на тронот, ИМ Тони Лазов првпат до титулата

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

РЕС е најголем снабдувач со струја на слободниот пазар, објави Регулаторната комисија за енергетика

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

Проширување на хоризонтите за трговија и инвестиции: мисијата на WTCA во Европа и Западен Балкан

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

В НЕДЕЛА СИТЕ НА ВОДНО – ДАЛИ СТЕ ПОДГОТВЕНИ ЗА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“?

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Гранд Скопјe PRIME SPONSOR на овогодинешната Конференција за недвижности

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Промотивен станбен кредит на Силк Роуд банка со фиксна каматна стапка за 10 години

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

Лирски почеток на „Видик“ со фузија на поемата „Коњски житија“ и боса нова ритамот на „Акварела“

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО

БЕКУТАНОВА РАБОТИЛНИЦА ЗА РОДИТЕЛИ: Секој маж може да стане родител, но не може секој да биде ТАТО