Маркотиќ: Хрватите без посебна потреба да не патуваат во БиХ и во Србија
Објавено во: Балкан, Корона Вирус 18 Јуни, 2020
Хрватите без посебна потреба да не патуваат во БиХ и во Србија поради коронавирусот.
Ваква порака упати директорката на хрватската Клиника за инфективни болести „Д-р Фран Михаљевиќ”, Алемка Маркотиќ.
Таа во изјава за ТВ Н1 нагласи дека повеќето од новозаразените биле луѓе кои биле во БиХ и во Србија, како и еден кој бил во Словенија.
„Ако епидемиолошката состојба се влоши и ако не се придржуваме до едноставни мерки, постепено ќе мора да ги заостриме мерките. Се надевам дека не ја заборавивме лекцијата. Сите сакаме туризам, ако постапиме одговорно, ќе го имаме. Странците ја сметаат Хрватска за безбедна, но се малку загрижени за однесувањето на некои луѓе кои премногу се опуштија“, рече Маркотиќ.
На клиниката имаат 4 пациенти, меѓу кои има брачна двојка.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.