МАСКИТЕ НА ОТВОРЕНО НЕ СЕ ЗАДОЛЖИТЕЛНИ И ДО КРАЈОТ НА ОКТОМВРИ: Опозицијата во Собранието побара време да ги разгледа препораките
Објавено во: Македонија 20 Октомври, 2020
И покрај тоа што
беше најавено, денеска пред пратениците во Собранието не се најдоа измените и
дополнувањата на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои
препораките од првиот пакет рестриктивни мерки се уште немаат правна завршница.
Имено, пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, побарале повеќе време да ги разгледаат,
објави МИА.
Ова значи дека мерките кои ги препорача Комисијата за заразни болести, а кои се однесуваат на задолжително носење маски на отворено, забрана за семејни собирања, односно забрана на повеќе од четири гости во еден дом, како и забрана за групирања на повеќе од четворица на јавни места, се уште не се на сила. Така ќе остане и до крајот на месецов, бидејќ а предложените законски измени ќе се расправа на седница на 27 октомври.
Инаку, вчера министерот за здравство Венко Филипче рече дека очекува до крајот на неделава Законот да биде усвоен, со што мерките ќе стапат на сила веќе од понеделник.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.