19 Декември, 2025
0.0610

„Маските паднаа“: И вечерва протести на улиците во Скопје против „албанската платформа“

Објавено во: Македонија 13 Март, 2017 20:20

Добивај вести на Viber

Неколку илјади Македонци со маски на лицата беа дел од денешниот протест по централните улици на Скопје против спроведувањето на т.н.. „Албанска платформа“ во организација на граѓанската иницијатива За заедничја Македонија.

Поддржувачоте на оваа иницијатива извикуваа „Маските паднаа“ на сметка на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз, Зоран Заев. Учесниците на протестот, кој се одржува секоја вечер веќе 15 дена,  го обвинуваат Заев дека се договорил со албанските партии - ДУИ, на Али Ахмети, Движење „Беса“ на Билал Касам и Албанскиот сојуз на Зијадин Села да ги исполни нивните барања. 

Потсетуваме дека денес македонскиот претседател соопшти дека нема намера да му го даде мандатот за составување на влада на Зоран Заев, бидејќи не се отстранети пречките што го загрозуваат интегритетот на земјата. 

„Претседателот Ѓорге Иванов останува на својата позиција, изразена во обраќањето до граѓаните на Република Македонија од 1 март 2017 година. 

Пречките за доделувањето на мандатот за формирање влада уште не се отстранети“, изјавија од кабинетот на претседателот. 

Во своето обраќање претседателот Иванов инсистираше Зоран Заев отворено и јасно да ја отфрли „албанската платформа“. Според претседателот оваа платформа ја става земјата во позиција на подреденост или зависност од друга земја, земјата ќе се уништи, а нејзината унитарност, суверенитет и независност ќе бидат загрозени. 

Од СДСМ се изјаснија за брзо формирање влада. „Го повикуваме Иванов да не одолговлекува во обид да го спаси Груевски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ од одговорност за злосторствата и злоупотребите и да даде мандат за формирање на нова реформска влада на граѓаните на Република Македонија“, велат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

ПРЕПОРАКА: Бремените и хронично болните да се ослободуваат од работа

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

(ВИДЕО) Русковска го пријавила Боки 13 во полиција за телефонско вознемирување

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Мицкоски за реакцијата на грчкото МНР: За мене Македонија е свето име

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Двајца затаиле данок од над еден милион евра од трговија со злато и накит, обвинителството бара притвор

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

Пријава од полиција: Кандидат за градоначалник давал по 1.000 денари за да се гласа за него

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ГОТОВ Е ОБДУКЦИСКИОТ НАОД НА ПОЧИНАТОТО НОВОРОДЕНЧЕ: Причина за смртта е незрелост на белодробието

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

ВМРО-ДПМНЕ ИЗГЛАСАЛЕ ИЗМЕНИ НА ЗАКОНОТ ЗА СТРАНЦИ: Кузеска тврди тоа е за потребите на стратешкиот договор, за стратешки проекти

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Надминат прагот на загадување во Центар, Гази Баба, Карпош, Лисиче и Ректорат, објавени мерки и препораки

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица

Обвинителството со детали за предметот против Дардишта: Направиле злосторничко здружение, поведена истрага против 33 лица