МАСОВНИ ОТПУШТАЊА: Во Германија невработеноста ќе порасне за 30 отсто?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 29 Април, 2020
Moжен е пораст на невработеноста од 30 проценти во Германија, како резултат на пандемијата од коронавирус и економските последици кои следат.
До ваков заклучок дојдоа германските агенции за вработување.
„Ова покажува дека невработеноста во Германија ќе се зголеми“, објаснуваат експертите.
Претходно, 10 години имаше раст на вработеноста во земјата.
Ifo анкетирал околу 9.000 компании за нивните планови за следните три месеци. Службата за услуги е особено погодена од корона кризата.
За прв пат од финансиската криза, ќе следат масовни отпуштања, наведува Ifo.
На удар ќе бидат вработените во трговијата, со исклучок на супермаркетите.
Растечкиот градежен сектор може да се соочи со отпуштања од работа.
Бројот на невработени во Германија ќе биде над 3 милиони.Дури во втората половина на оваа година, состојбата ќе биде делумно ублажена.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.