07 Октомври, 2024
0.2897

Масовното иселување ја намалува невработеноста!

Објавено во: Економија 13 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Првите три месеци од годинава, според сумираните податоци на статистиката, донесоа добра вест. Невработеноста заклучно со март, во однос на последниот квартал од лани се намалила за 0,3% и изнесува 27,3%. Според Владата, оваа стапка на невработеност е една од историски најниските. Според дел од економистите пак, и со ова ниво на невработеност Македонија останува земја-лидер според бројот на невработени, со алармантна состојба особено кај младите лица. Но она што дополнително заслужува анализа е прашањето како се намалува невработеноста, како резултат на вработувања во јавениот или во приватниот сектор, или можеби во прашање се и други фактори. Се намалува работоспособното и активното население... Според новите податоци на Заводот за статистика, заклучно со првиот економски квартла, во земјава имало 262 140 невработени лица или стапка на невработеност од 27,3%. Од друга страна бројот на вработени лица бил 697 248, или стапка на вработеност од 41,6%. Во изминатиот период државната статистика речиси во континуитет објавува тренд на намалување на невработеноста, со што, оценуваат од Владата, невработеноста е на рекордно најниско ниво. Според економистите, за да се добие реална слика за состојбата, треба да се анализираат неколку фактори: дали се работи за нови вработувања во приватниот сектор, колкав е уделот на вработувањата во државниот сектор, потоа колку чинат субвенционираните вработувања и како врз целата состојба се одразува одливот на работоспособна сила во странство. “Намалената стапка на невработеност е резултат на неколку мерки, односно фактори. Најпрво, тука се вработувањата во администрацијата. Потоа следуваат мерките на Владата за вработување во приватниот сектор, кои се нарекуваат активни мерки но тие имаат краткорочен ефект и се со буџетска поддршка. Сега се случува и операцијата за трансформација на вработени во државен сектор, и сите овие мерки имаа повеќе козметичка отколку економска димензија“, вели универзитескиот професор Ванчо Узунов. На крајот од првите три месеци од годинава, стапката на активност изнесува 57,3%, односно бројот на активно население изнесува 959 388 и тој во однос на претходниот квартал е намален за две илјади лица. Намалување има и кај борјот на работоспособно население. Според дел од економистите, еден од факторите кои имаат рефлексија на состојбата со намалување на невработеноста е токму одливот на работоспособно население во странство. “Сметам дека одливот на работоспособно население има удел врз вкупната состојба на пазарот со работна сила, а со тоа и врз стапката на работоспособно население, која е основа за пресметка на вработеноста и невработеноста. Имено доколку стапката на работоспособно население се намалува, тогаш се намалува и основата за пресметка за вредностите за невработеноста и вработеноста“, вели професорот Узунов. Според последните достапни мерења што ги спроведе Светска Банка, земјава веќе се соочува со драматичен одлив на граѓани. Од 1998 до 2011 година се отселиле 230 000 жители, односно 10 отсто од вкупниот број. Ако се продолжи со ова темпо, според проценка на Светска банка до 2030 година ќе има помалку од 1,8 милиони жители, наспроти сегашните 2,1 милион. Голем дел од исселените не само што се работоспособни, туку главно се и високо едуцирани лица, кои во потрага по егзистенција и подобар квалитет на живот, секојднавно ја напуштаат земјава. “Податоците од пописите на населението укажаа на диспропорции во движењата на работоспособниот и активниот контингент, чии големини најчесто кореспондираат, односно сигнализираа намалување на демографската рамка на понудата на работната сила и опаѓање на порастот на активното население. Тие би можеле да се објаснат со загубите на дел од работната сила условени од интензивните емиграциони движења во странство, зголемениот одлив на работната сила со редовното и предвременото пензионирање по разни основи во процесот на транзиција, како и со неоспорниот факт дека релативно голем дел од работоспособното население е неактивно, односно не се регистрира ниту како вработено ниту како невработено“, се констатира во научниот труд “Користењето на човечките ресурси и економијата базирана на знаење во Република Македонија“. Вработувања во јавен или приватен сектор – што ја намали невработеноста... Според податоците од надлежните институции, заклучно со првиот квартал од годинава имало вкупно 697 248 вработени лица, од нив 540 669 се вработени во приватниот сектор, а 156 579 се во друга сопственост, во која спаѓа и државната. На крајот од април Владата го објави проектот „Македонија вработува“ преку кој, според владините најави треба да се вработат 150 000 лица. До сега, според последните раположливи податоци работа добиле  повеќе од 1800 лица а најголем интерес имало за  младите до 29 години  и  а оние до 35, пришто од двете категории се вработле 600 лица. “Овој проект има добра цел, да се стимулираат вработувањата во прватниот сектор. Но кога се соопштуваат бројките за крајните ефекти, мора да се каже колку пари чинат тие нови вработувања во фирмите, бидејќи се директно поддржани од буџетот. Имено, со буџетски пари се финансираат придонесите за вработените и можеби има други форми на субвенции, што ги плаќаат сите граѓани, па оттука, кога се анализираат ефектите, треба да се земе во предвид вкупната слика“, велат аналитичарите за “Фактор“. За годинава преку Оперативниот план на Агенцијата за вработување е планирано да се потрошат 8,5 милиони евра за зголемување на вработеноста, односно намалување на сиромаштијата, која е најдлабока токму кај категоријата на невработени лица. Следен фактор кој треба да се анализира е колку вработувања се реализираат во приватниот сектор а колку во јавниот сектор. Во ек на спроведување на проектот Македонија вработува, министерот за финансии потпиша илјадници решанија за трајно вработување под државна капа. На списокот се околу 3 000 лица кои сега имаа статуст на волонтери, хонорарци или се со договро на дело на непоределено време. Од владата објаснија дека се работи за трансформација на вработуавњето од опередело на неопределено време, за што претходно беа направени и законски измени за да се спроведе оваа операција. Од Министерството за финансии информираа дека во Буџетот се обезбедени пари за овие нови трајни вработувања. И додека преку државата се спроведуваат мерки за намалување на невработеноста, таа останува аламантна и кај оние кои имаат завршено високо образование. Во првиот квартал од годинава имало 41.460 невработени кои имаат завршено факултет. Лани пак, во истото тромесечје од годината нивната бројка изнесувала 38.425 невработени со високо образование, а во 2010 година во првото тромесечје со високо образование имало 29.954 невработени. И со сегашната стапка на невработеност од 27,3%, земјава останува лидер во Европса според бројот на невработени лица. Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

ГЕРМАНСКИТЕ КОМПАНИИ ОЧЕКУВААТ СО ВЕШТАШКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ДА ЈА ЗГОЛЕМАТ ПРОДУКТИВНОСТА: Еве во кои сектори најмногу ќе ја користат

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

БОГАТИТЕ СЕ ПОВЕЌЕ ЗАИНТЕРЕСИРАНИ ЗА GOLDEN VISA: Три европски земји имаат најатрактивни програми

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

ТРЕСКАТА „НОЌ НА ВЕШТЕРКИТЕ“ ЌЕ ДОНЕСЕ СКОРО 12 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ НА АМЕРИКАНСКАТА ЕКОНОМИЈА Приходите може да бидат поголеми одбожиќната продажба

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕВЕРОЈАТНА ЗАРАБОТКА НА ОКТОБЕРФЕСТ, КЕЛНЕРИТЕ СТИГНУВААТ И ДО 10.000 ЕВРА НЕТО: Шеторите имаат промет и до девет милиони евра

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

НЕМААТ РАБОТНИЦИ, ПА КОРИСТАТ ВЕШТАЧКА ИНТЕЛЕГЕНЦИЈА: Јапонија вака го решава овој проблем

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ЗЕМЈИТЕ НА ПОРАНЕШНА СФРЈ ЛЕЖАТ НА БОГАТСТВА, САМО СЛОВЕНИЈА БУКВАЛНО НЕМА НИШТО: Но, тие се побогати од сите заедно

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

ВО ЕДЕН ЕВРОПСКИ ГРАД СЕКОЈ МОЖЕ ЛЕСНО ДА НАЈДЕ РАБОТА: Стапката на невработеност таму изнесува помалку од два отсто

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

НА ПОВИДОК МЕГА ПРОИЗВОДИТЕЛ НА АВТОМОБИЛИ: Во преговорите влегуваат премиум брендови

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип

На покана на ЕИБ, Анѓушев говореше за поставување батерии на фотоволтаични електрани во Штип