„Мастербет“ и оваа година со поддршка за традиционалниот турнир во мал фудбал во Маџари
Објавено во: Мои пари 26 Септември, 2022 13:11
Дополнително на средствата, кои задолжително се слеваат во државниот буџет од приредувачите на игрите на среќа за програмите на Агенцијата за млади и спорт, членките на Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија продолжуваат преку различни проекти да го поддржуваат спортот.
Во таа насока, „Мастербет ДООЕЛ Скопје“ во чии рамки еприредувачот на игри на среќа „Астра“, и оваа година го поддржа одржувањето на Турнирот во мал фудбал „8 Септември Маџари Триангла“.

„Како општествено одговорна компанија поддршката кон заедницата, а особено кон младите и спортот, е во фокусот на нашите активности. Ни претставува чест и задоволство што и оваа година бевме дел од овој традиционален спортски настан кој што се организира по повод Денот на независноста на нашата држава“, велат од компанијата.
Турнирот е организиран од Здружението на граѓани Солидарност - М по повод Денот на независноста и се одржува веќе 15 години по ред, при што секоја година учество во натпреварувањето земаат околу 50 екипи од цела Македонија и повеќе од 500 натпреварувачи.
По одржувањето на финалниот натпревар викендов на претставници на „Мастербет“ организаторите им врачија благодарница за поддршката и спонзорството кое е големо значење за одржување на турнирот.

Групацијата Новоматик Македонија и Апекс Македонија, како претставник на реномирани компании од ЕУ, продолжува да демонстрира висока општествена одговорност преку хуманитарни и спонзорски активности во најзначајните општествени сегменти, јавното здравство, спортот и културата. Без разликата на сериозните економски последици од повеќегодишната здравствена и енергетска криза, никогаш не отстапи од деловното мото - секогаш општествено одговорни компании!
Така продолжуваат и во иднина!
ПР објаваМожеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




