Матурантите пред прославата да си понесат пари за такси!
Објавено во: Мои пари 17 Мај, 2013 21:00
Иако изминатите две години немало тешки сообраќајни несреќи за време на матурските прослави, возењето под дејство на алкохол не едозволено ниту за матурантите, посочија претставниците на МВР и Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот и патиштата. Во рамки на проектот „Безбедни матурски прослави“ беше укажано на можните последици од седнувањето зад волан во пијана состојба, но и на казните кои ги санкционираат ваквите постапки.
Согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир, Кривичниот законик и Законот за безбедност во патниот сообраќај покрај паричните казни предвидени се и затворски казни за кривичното дело насилство.
Оттука, доколку матурантите заминат со возило на прослава, од МВР посочија дека го прекршуваат законот бидејќи спаѓаат во категоријата на млади возачи кои по 23 часот не смеат да управуваат со моторно возило без придружба. За возач почетник кој ќе направи прекршок ако управува возило без повозрасно лице, глобата е 400 евра и предвидена е мерка исклучување од сообраќај на лице место. Истата мерка е предвидена и за управување на возило под влијание на алкохол и забрана за управување на возило во траење од три до 12 месеци.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот
Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“
Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“
ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ
Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?
Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј





