18 Декември, 2025
0.0554

Мавровскиот меморијал ќе ги пречека најдобрите балкански скијачи од 13 до 15 февруари

Објавено во: Македонија 10 Февруари, 2017 15:05

Добивај вести на Viber

Од 13 до 15 февруари на патеките во Маврово ќе се оддржи 54-тиот нордијски куп „Мавровски меморијал“, кој се организира во чест на загинатите 38 градители на електросистемот Мавровска хидроцентрала и 14 граничари кои загинаа од снежната лавина во 1956 година.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески рече дека со одржувањето на Мавровскиот меморијал АМС ја продолжуваме традицијата на големи светски настани оддржани во Република Македонија.

– Влогот на многумина низ изминативе 54 години во организирањето на овој настан придонесе Мавровскиот меморијал да прерасне во настан кој го промовира Маврово и Република Македонија, оставајќи траен белег во спортот. Благодарение на посветеноста и заложбата на организаторите, а секако со поддршка од Агенцијата за млади и спорт и на останатите вклучени страни во организацискиот дел, Мавровскиот меморијал се издигна на ниво на домашен бренд од светски размери, кој низ годините успеа да го приближи нордиското скијање до најмладата популација, истакна Спасески.

Директорот Спасески информира дека за оваа година, Агенцијата за млади и спорт од својот буџет ќе издвои 500 илјади денари.

На Мавровоски меморијал се очекува учество на повеќе европски држави меѓу кои Србија, Грција, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Турција, и двајца претставници од Доминиканската Република кои изразија желба за учество на Мавровскиот куп. Се очекува потврда и од Словенија и Романија, со што квалитетот би се искачил на највисоко ниво.

Стартот е закажан за понеделник, а во вторник и среда се трките во женска на пет и машка на 10 километри. Новина за оваа година е трката за деца, генерација 2002/2003 и 2004/2005, кои се планирани за 16-ти и 17-ти февруари

За македонската репрезентација ќе настапат Ставре Јада, Миланчо Крстевски, Дарко Дамјановски, Тони Станоески, Марио Куртески и Ненад Митевски во машка, и Викторија Тодоровска, Марија Коларовска, Викторија Јовановска, Росана Кировска, Ана Цветановска и Василка Дамјановска во женска конкуренција.


Можеби ќе ве интересира

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

ФИЛИПЧЕ МУ ВОЗВРАЌА НА ШИЛЕГОВ? ВМРО-ДПМНЕ најдоа еден од нас послаб, ги искористија неговите приватни проблеми

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје