16 Декември, 2025
0.1160

МАЖ ПАДНАЛ ВО ПРОВАЛИЈА: Уште една жртва на невремето во Грција

Објавено во: Балкан 02 Декември, 2024 16:54

Добивај вести на Viber

Tројца луѓе загинаа во невремето во Грција. 

Маж загинал кај Торони на Халкидики, откако со возилото паднал во провалија и е третата жртва од невремето „Бора“ што ја зафати Грција, откако во текот на викендот на островот Лимнос загинаа две лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што објави грчката државна телевизија ЕРТ, мажот во обид да избегне карпи на патот, со возилото паднал во провалија од 30 метри, а утрово е пронајден жив, но подоцна починал од хипотермија, затоа што во автомобилот бил повеќе од осум часа.

За невремето „Бора“ портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите изјави дека е „уште еден доказ дека она што го знаевме за природните појави веќе не важи“, но и дека е нова и тешка реалност и за Грција и за целиот свет.

„Врнежите во саботата на Родос, според експертите, беа 73 отсто од водата што падна во Валенсија“, изјави Маринакис.

Поради невремето на островот Родос е прогласена вонредна состојба. 

Најпогодение од невремето „Бора“ што во текот на викендот ја зафати земјата се островите Лимнос и Родос, Солун, Халкидики, како и областите Пиерија и Тесалија, а противпожарната служба од саботата претпладне до утрово во шест часот примила 3.024 повици за помош.

Невремето што ја зафати Грција ја парализираше речиси целата земја.

Училиштата во Солун, Халкидики и неколку острови денеска немаат настава, патиштата се блокирани поради поплави, а како што информираат од спасувачките екипи има и жртви при евакуацијата

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Евзони повторно затворен

Евзони повторно затворен

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Во времето на Тито, за некој овие пари беа една плата: Никој не успеал да ја фалсификува „сивата гулабица“, а еве која е мистериозната жена од банкнотата

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Голем пожар во Хрватска; На местото на настанот беа повеќе од 60 пожарникари, се слушаа експлозии

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Вучиќ до Хрватите: Србија купи нови авиони „Рафал“, a Хрватска половни

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Парламентот на Бугарија едногласно ја прифати оставката на владата

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството

Тешки метали се откриени во керамички шолји во соседството